„Гучи“ фустанот на Џенифер Лопез кој ги открива подврските

Новите папарацо-фотографии на Џенифер Лопез брзо го обиколија светот.

48-годишната пејачка со фантастична фигура и 30-годишна успешна кариера, повторно е во центарот на вниманието. Овојпат причината е „гучи“ фустанот со длабок шлиц. Во овој бледо-розов фустан, во комбинација со чевли со високи потпетици, пејачката пристигнала на приредбата во училиштето на нејзините деца.

Но, движејќи се, фустанот открива повеќе…поточно, ги отркива подврските.

Без разлика на симпатичната „непријатност“ која пејачката ја сокрива со раката, фустанот со долги ракави, ролка и миди-должина, Лопез совршено го носи.

 

x

Check Also

Ирина Шаик со ќеркичката дотерани во исти „Burberry“ фустанчиња

По разделбата со глумецот Бредли Купер, рускиот топ модел Ирина Шаик не ...