За есен 2016, Marciano нуди луксузна колекција на вечерни и коктел фустани, комбинезони и долги здолништа со впечатливи цветни принтови, металик тонови и раскошно кадифе во нежна розова, бургундско црвена и магично сина боја.
Овие парчиња се дополнети со палта, мантили и елегантни наметки кои го згбогатуваат изгледот и можат да се вклопат во повеќе различни комбинации.
Посекојдневните парчиња облека вклучуваат блејзери и тесни здолништа до колена во повеќе бои и дезени.
Есенската колекција GUESS BY MARCIANO е достапна во продажба во мултибренд продавницата „Фешн енд Френдс“ во Скопје сити мол.