Гулаш на унгарски начин

Размислувате за совршен викенд ручек? Еве една идеја – дегустирајте го унгарскиот гулаш кој со својот извонреден вкус (и мирис) никого не остава рамнодушен.

Потребни состојки:

 750 грама свинска кртина

100 грама свинска маст

150 грама кромид

20 грама лук

20 грама доматно пире

100 грама брашно

200 милилитри свинска крв (од месото)

2 ловорови листови

Магдонос

Сол

Црн пипер

Подготовка

Ситно исечканиот кромид пропржете го на маста. Додадете го месото исечкано на коцки. Додадете ги и исечканиот лук, магдонос, ловоровите листови, сол и црн пипер.

Кога месото ќе порумени, додадете ги брашното и доматното пире.

Налејте вода или супа од коцка за месото да биде покриено со течност.

Динстајте на тивок оган додека месото не омекне. По потреба, додадете уште вода. Кога месото ќе омекне, сосот претурете го во садот со крвта, промешајте и прелијте преку месото.

Отавете да врие уште пет минути.

И специјалитетот е готов.

Одлично се „бакнува“ со црвено вино.

На здравје!

x

Check Also

Тиквички од рерна во бешамел сос

Во текот на летото ги обожуваме тиквичките подготвени на најразлични начини, а ...