Гурманска недела во Градски парк

Во Градскиот парк во Скопје Советот на странски инвеститори при Стопанска комора Македонија го прослави својот 10 годишен јубилеј на невообичаен начин зачинет со многу автентични гурмански специјалитети од 11 различни земји. Љубителите на добрата храна и расположение дојдоа во огромен број заеднички да го прослават овој роденден и воедно да бидат дел од хуманата намера на настанот, бидејќи храната се послужуваше за симболична цена од 100 денари, парични средства кои ќе се подарат на народната кујна во црквата Св. Апостол Петар и Павле и во Хуманитарно здружение „Хилал“.

park 6

На настанот беа присутни претставници од странските инвеститори, кои ја искористија можноста да се дружат со граѓаните и да ја промовираат културата на своите земји преку традиционално мени, карактеристична токму за нивните земји.

park 5

„Многу ми е мило што успешно се реализираше денешниот настан. Советот на странските инвеститори веќе десет години постои во Македонија, и јубилејот решивме да го прославиме на еден поинаков начин. Сакавме да ја приближиме културата на земјите од каде потекнуваат инвеститорите до македонците. А како подобро да се постигне таа цел ако не со храна? Странските инвеститори вработуваат над 50000 вработени во Македонија и  соработуваат со голем дел домашни компании. Затоа подоброто запознавање е неопходно за продолжување на досегашната соработка.“, изјави г. Петер Штефан, Претседател на Советот на странски инвеститори и Претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

park 3

park 7

Овој настан беше одлична можност да се прослави долгогодишната посветена работа на Советот во нашата земја и ветување за понатамошни успешни проекти, настани и случувања кои ќе ја зајакнат нивната позитивна слика во нашето општество.

Советот на странските инвеститори при Стопанската комора на Македонија е основан во 2006 година заради обезбедување консултативни и советодавни мислења, предлози и прашањата во насока на поттикнување на инвестирањето во македонското стопанство. Во Советот членуваат истакнати странски стопанственици и експерти кои работат во македонски трговски друштва, чија активност е насочена кон унапредување на пазарното стопанство, претприемништвото и конкурентноста во работењето.

x

Check Also

Петочки Midday Madness забава со KiNK од 17 часот во Three Kitchen & Bar

По некое време, повторно журка продуцирана по светски стандарди со врвен артист, ...