Убавата глумица Гвинет Палтроу ќе се мажи на 29-ти септември. Тоа ќе биде втор брак за 44годишната глумица.
Гвинет Палтроу ќе стапи во брак со Бред Фалчук – 47-годишен филмски продуцент – следната сабота, 29 септември, 2018 година. Свадбата ќе се случи во нивниот дом во Хемптонс. Двојката веќе се верила во присуство на 400 гости на голема гала забава. За свадбата пак, избрале нешто поинтимно, поканиле само блиски пријатели и членови на семејствата. Сепак, фановите ќе можат да ја видат свадбата на социјалните мрежи преку хаштагот #TheFaltrows.