Глумицата позира во секси издание покажувајќи повеќе гола кожа за ноемврискиот Харперс Базар.
Гвинет Палтроу ја краси насловната страница на Хапрерс Базар, а во едиторијалот ги покажува модните трендови за есен 2016, позирајќи во супермаркет.
Фотографирана од Алекси Лубомирски, русокосата глумица носи боди од „Ла Перла“, костими за капење од „Ерес“ и „Проенца“, сако од „Валентино“, кожена јакна од „Луј Витон“, чевли на висока потпетица и чанта од „Сен Лорен“ и сандали од Џанвито Роси.