H&M и Bershka имаат супер модни парчиња за вежбање

Две „хај-стрит“ модни марки во есенската понуда ни нудат модни парчиња дизајнирани за вежбање со кои се разликуваат од другите колекции. Тоа се Х&М и Бершка кои не предупредуваат дека новогодишните и божиќните празници се ближат, па со време да внимаваме на линијата. А топ формата на телото, секако најдобро се чува со вежбање.

Bershka

Без разлика дали сте се одлучиле за теретана, вежбање во домашен амбиент или трчање, важно е за време на спортските активности да се чувствувате пријатно во тоа што го носите. Па, ако спортската облека е уште и убава, тогаш немате ниедна причина да го откажете тренингот.

Bershka

Во фотогалеријата погледнете дел од понудата на H&M и…Ајде на вежбање!

 

 

 

x

Check Also

Кајгана диета, звучи вкусно, а одлично функционира

Познато е дека свежите јајца имаат протеини, витамини и минерали, заситуваат, а ...