Шведската модна марка H&M ја лансираше долгоочекуваната луксузна колекција Conscious Exclusive дизајнирана за есен 2018, од одржливи материјали.
По големата кампања, сега веќе можат да се купат модните парчиња во продавниците на H&M. Од кашмирски џемпери до палта од рециклирана волна и органски памучни блузи…, со женствени кроеви и модерни дизајни.
Цените се малку повисоки од модните парчиња вообичаени за колекциите на H&M, но вреди да се вложи нешто повеќе за поквалитетно парче. Стартуваат од 12 евра па до 300 евра за свечените фустани.