H&M ги менува конфекциските броеви, што тоа значи за купувачите?

Слушајќи ги жалбите на своите купувачи, почнуваме да ги менуваме конфекциските броеви според женските облини и големини, се вели во официјачната изјава од модната марка Х&М.

Откако на социјлните мрежи се појави реакцијата на американката Ловри Бирн, која се мајтапеше со конфекциските броеви на Х&М обвинувајќи дека се дизајнирани за супервитки девојки, модниот гигант одлучи да преземе важен чекор и да ги ревидира големините на облеката која ја нуди. Инаку, Бирн која носи конфекциски број 40, во Х&М не можела да „влезе“ ни во фустан со број 44.

Уште една девојка, Саманта Бел, на Инстаграм сподели пост со фотографија на која споредува модел на фармерки кои ги носи со модел на фармерки кои се нудат во Х&М под истиот конфекциски број, но далеку потесни.

Но сепак, постои релативно прифатлива причина зошто во Х&М конфекциските броеви се небични. Имено, постојат американски, британски и европски стандарди на конфекциски број – и за жал, сите се различни! Проблемот се јавува кога Х&М ги „конвертира“ своите конфекциски броеви од европски во британски, и обратно, зашто тие можат да се совпаднат во броевите но не и во сантиметрите – поради што фармерките со број 38 по европски стандард нема да ви одговараат со 38-цата според британски стандард.

Но, најдоброто допрва следува! H&M ги воодушеви своите фанови кога пред неколку дена нивниот портпарол изјави за Хафинтон Пост дека ќе ги послушаат своите верни купувачи и ќе ги унифицираат сите големини на облеката која ја нудат. Тоа пак, значи, дека наскоро без страв и утки ќе може да се купува од оваа марка и облека преку онлајн продажба.

„Новите броеви веќе влегоа во продажба во продавниците, а наскоро ќе се префрлат и во онлајн продажба. Сакаме овој премин да биде што полесен за нашите купувачи, па затоа ги советуваме сите купувачи во живо да ги испорбаат новите конфекциски броеви за следни референци“, велат од Х&М.

За купувачите пак, овој чекор на Х&М значи многу, зашто пред се тоа е знак дека брендот ги почитува и слуша жалбите на своите купувачи.

 

x

Check Also

Стотици пријавени и 30 победници на наградниот предизвик на VIVAX

Заврши еден значаен спортски празник, а со него и наградниот предизвик на ...