H&M и Џамбатиста Вали ја најавија соработката, едвај ја чекаме колекцијата!

Модниот гигант H&M ги здружи силите со италијанскиот дизајнер Џамбатиста Вали, а резултатот е нова колекција која ќе содржи луксузни и гамурни модели по пристапни цени. 
Колекцијата е најавена на настанот amfAR Gala во Кан. Во модели од новата колекција позираа популарни лица, меѓу кои и топ моделот Кендал Џенер, глумицата Крис Ли, пејачката H.E.R. и инфлуенсерките Кјара Ферањи и Бјанка Брандолини. 

Колекцијата H&M и Џамбатиста Вали ќе биде пуштена во ограничена онлајн продажба на 25-ти мај, а достапна во H&M  продавниците ќе биде на 7-ми ноеври.

 

x

Check Also

Еве ја програмата за Струшки вечери на поезијата 2019

Струшките вечери на поезијата ја објави Програмата на претстојното издание на Струшките ...