Едно од најбараните (и најпосакувани) модни парчиња на сезоната е сукњата од вештачка кожа, а убави модели на такви сукњички во есенската колекција нуди H&M.
Црната боја доминира, што ги прави овие сукњичи лесни за комбинација, па може да се носат и за дневно и за вечерно излегување. Одлично „стојат“ и со ролка, предименизониран џемпер, секако – со кожена јакна, но пробајте ја комбинацијата и со плишано сако – исклучително ефектна е!
Од понудата на H&M, прва в очи ни „падна“ сукњичката со реси, но тука се и мини моделите со класичен крој или со трендовски едноредни копчиња на средината.
Еве ги нашите фаворити.