H&M има хит модни парчиња со принт од ммм…цреши!

Додека минатата сезона пролет/лето беа актуелни модните парчиња со принт од ананас или лимони (поточно тропски овошки во силна жолта боја, кои први ги исфорсираа на пазарот Долче и Габана), годинава за потоплите денови водечки тренд е принтот од цреши. Самата боја на црешите, силна црвена, ваквите модни парчиња ги прави посебни и баш секси.

Aquazzura

Луксузната модна марка Аквацура прва си поигра со ваквите принтови, и навистина – многу успешно! Па, така црешите се најдоа на луксузните сандали.

Миу-Миу пак, со цреши овојпат ги „украси“ не само кошулите, фустаните, туку и панталоните, но и еспадрилите на висока платформа.

Miu Miu

Miu Miu

И Гучи не одолеа на овој пресладок тренд, па понуди модел на сандали во предниот дел украсен со цреши. Доста елегантен чифт сандали, но подеднакво симпатично „откачен“.

gucci

 

Не помалку заслужни за форсирањето на слатките црешички се моделите од брендот Realisation Par. На нивните „црешни“ фустани не одолеаја ни модните инфлуенсерки како, на пример Каја Гебер, па не  е воопшто чудно што веднаш се распордаваат штом се појават во онлајн продажба.

Realisation Par

Но настрана луксузните модни марки, на наше задоволство, модната марка Х&М понуди повеќе модели украсени со цреши во пролетната колекција. Секако, овие модни парчиња може да се купат по многу пристојна цена, за разлика од оние, суперексклузивните кои ги продава Миу Миу или Гучи.

Па, погледнете ги овие преслатки модни парчиња од новата колекција на Х&М.

H&M

H&M

H&M

H&M

x

Check Also

Утревечер светска премиера на „Врба“ на Манчевски на Филмскиот фестивал во Рим

Светската премиера на филмот „Врба“ на Милчо Манчевски ќе биде утревечер на ...