H&M има широка понуда на сандали со висока платформа

Откако пред пет-шест години, сандалите со висока платформа ја освоија модната сцена, се уште не излегуваат од мода, па и овојпат се присутни во летните колекции на популарните модни марки.

Предноста на еспадрилите на висока платформа е во нивната удобност, а самата платформа пак, овозможува визулено издолжување на нозете и на женската силуета. Лесни се за комбинирање и за деловни пригоди како и за секакви „кежуал“ модни изгледи, односно ги носиме и со сукњи и со шорцеви.

Богата понуда на вакви сандали со модерни дизајни, во убави нијанси и со интересни украси, најдовме во новата колекција на обувки на Х&М.

Во фотогалеријата, одберете си го вашиот фаворит меѓу моделите од антилоп, платно или кожа.

x

Check Also

Листа на желби: Розови сандали со помпони од H&M

Во колекцијата дизајнирана за крајот на летото, модната марка Х&М ни нуди ...