H&M ја претстави првата кампања за својот нов бренд Arket

Отворањето на првата продавница на својот нов бренд насловен Arket, модниот гигант H&M  го најави за 25 август. Првата продавница се наоѓа на Реџент стрит во Лондон. По тој повод H&M ја претстави и првата кампања за колекцијата од Arket.

Arket е замислен како мултифункционален лајфстајл проект кој во своите продавници ќе нуди модни парчиња за жени, жаи и деца, но и предмети за дом. Во составот на продавниците ќе има и кафуле. Инспирација е секако скандинавскиот минимализам, а фокусот на неопходните, класични линии и квалитетни материјали.

По отворањето на првата продавница во Лондон, нови продавници ќе бидат отворени во Копенхаген, Минхен и Брисел.

Првата колекција од женската линија на Arket, која е наменета за есенските денови, се состои од безвремени модни парчиња како џемпери, фармерки, фустани, кошули но сите со интересен крој и дизајн.

Во продолжение, погледнете дел од колекцијата.

 

x

Check Also

H&M лансираше нови модели на палта од рециклирани материјали

За претстојнава сезона, дизајнерите од H&M ни препорачуваат да носиме палта дизајнирани од ...