Позната е соработката на модниот гигант H&M со славните дизајнерски имиња и бреднови. Но, годинава нивниот избор е неочекуван.
Следната соработка на H&M ќе биде со еден англиски бренд кој не и е баш познат на јавноста. Станува збор за Desmond & Dempsey. Колекцијата ќе биде лансирана утре, на 24 април, и ќе биде достапна во онлајн продажба.
Не ви е познат брендот, нели? не е звучен како Џамбатиста Вали, Ердем или Москино…Зад овој бренд стои дизајнерското дуо Моли Годард и Џоел Џефри, а дизајнираат пред се – облека за спиење, пижами, ноќници, домашни фустани. И тоа луксузни. На пример, пижамите кај нив чинат најмалку 100 евра.
Колекцијата H&MxDesmond & Dempsey е лесно-нослива и едноставна, украсена со палмички и дурги ботанички принтови во нежни нијанси. Кроевите се удобни и меки, а секое модно парче лесно се облекува и слекува – за миг си подготвен за излегување од дома и за враќање во кревет.