H&M отвори „аутлет“ продавници во Европа

Во последниве десетина дена шведскиот „хај-стрит“ бренд H&M отвори дури четири „аутлет“ продавници во Европа. Три од нив се наоѓаат во Холандија, односно во Амстердам, Ротердам и Хаг, додека четвртата е сместена во Пандорф Фешн Аутлет во близина на Виена.

На задоволство на кучувачите цените се со попуст до 70 отсто. Ваквите продавници со големи попусти се само почеток за H&M кој планира да отвори и други аутлети низ Европа.

„H&M е секогаш во потрага за нови и интересни локации за нашите купувачи, за да им овозможиме најдобро искуство во шопингот. Сигурни сме дека ќе ги инспирираме купувачите со овој наш нов концепт“, соопштува портпаролката на Х&М за медиумите и фановите на оваа популарна шведска модна марка.

x

Check Also

H&M лансираше нови модели на палта од рециклирани материјали

За претстојнава сезона, дизајнерите од H&M ни препорачуваат да носиме палта дизајнирани од ...