Кога минатата сезона луксузната италијанска модна марка Гучи ги лансираше балетанките од плиш со доминантна панделка на предниот дел, набрзо станаа хит меѓу трендсетерките и воопшто, најпосакувани обувки на сезоната есен 2016. За жал, поради нивната екстремно висока цена многумина – иако се вљубија во нив – не беа во можност да си ги дозволат.
Но, Зара пријатно не изненади со сличен модел на балетанки од плиш, подеднакво со голема панделка и секако, со прифатлива цена.
Достапни се во две бои – сина и црна.