Халкбанк со поддршка на четвртото издание на Beach Film Festival Ohrid 2021

Од 21 до 25 јули, на плажата Горица 3 во Охрид ќе се одржи четвртото издание на Фестивалот на новиот европски филм – Beach Film Festival. И годинава, спонзор на фестивалот кој со својот иновативен концепт се издвојува од досегашните фестивалски стандарди, е Халкбанк АД Скопје која е силен поддржувач на филмската уметност и македонската култура воопшто, како еден од најсуштинските делови на секое општество.

Beach Film Festival е настан кој е фокусиран на развојот, односно презентацијата на новиот европски филм и неговата идентификација како посебен културолошки феномен. Овој мултимедијален и мултидисциплинарен настан има примарна цел да го поттикне дијалогот, критичкото размислување и делувањето инспирирано од проекциите на новиот европски филм.

Во текот на четирите фестивалски денови, ќе бидат прикажани повеќе долгометражни и  краткометражни филмови во рамките на тематските програми, а дел од програмата на Beach Film Festival ќе бидат работилници и предавања.

 

x

Check Also

За позитивна енергија во домот, ослободете се од овие работи

Според Фенг шуи, секој предмет што го имате во домот, има своја ...