Handcrafted:mk 2018

Групна изложба на шестте поддржани брендови од првиот циклус на платформата.

Во петок во 18 часот во Галеријата Акантус, на улица Орце Николов 99, во Дебар Маало, Скопје ќе се отвори изложбата Handcrafted:mk 2018.

Групната изложба ќе ги прикаже за прв пат пилот колекциите на шестте поддржани дизајнери од првото издание на платформата за поддршка на дизајнери чија основа е македонскиот занает.
Па така, на изложбата публиката ќе може да ги види рачно изработените лампи на Борче Колароски кој работи под својот бренд Лумо, накитот од сребро на Гамаро од Бојана Божиновска, рачно ткаените чанти од срма на Машиде Љочи под брендот Маша, рачно сликаните лед сијалици намененти за когнитивниот раст на најмладите на брендот Миа Ботаника на Борјана Насева, чантите од рециклирана кожа на Ева Зарезанковска и рачно сликаните маички на брендот Милениум на Ирина Чабуковска.

Овие шест дизајнери беа одбрани на јавниот повик на почеток на годинава и по неколкуте работилници за лансирање на бренд и финансиско работење, во текот на летово беа изработени првите прототипи и пилот колекции со менторите Моника Лозановска, Лидија Георгиева и Александар Ношпал.

x

Check Also

Приватно семејно здравствено осигурување отсега и онлајн со Еуролинк осигурување

Еуролинк осигурување за првпат на семејствата во Македонија им нуди решение за ...