Хари бил иницијатор за напуштање на кралското семејство, а не Меган, пишуваат британските весници

Според британскиот таблоид „Сан“, принцот Хари бил тој кој сакал да го напушти животот во кралското семејство, а не Меган Маркл.

До оваа информација новинарите од таблоидот дошле преку мемоарската книга, Finding Freedom, која ќе биде објавена на 11 август, а која се однесува за деталите од животот на Хари и Меган.

Според авторите на мемоарите, Омид Скоби и Катрин Дуранд, ваквата одлука на Хари била од поодамна, односно од после свадбата со тогаш глумицата Маркл. Сепак, било потребно подолго време за да се осмисли и организира напуштањето на кралското семејтсво.

x

Check Also

Енио Мориконе напишал проштално писмо: „На мојата сопруга Марија најболно збогум“

„Не сакам да ве вознемирувам“. Во тивок стил кој што го карактеризираше ...