Хари и Меган и кралското семејство завршија во сатиричен цртан филм

Принцот Хари, Меган Маркл и целото кралско семејство се најдоа во нова сатирична серија. Како што можете да замислите, познатата британска монархија беше предмет на „озборување“ во последно време, благодарение на заминувањето на Хари и Меган и нивниот син Арчи, од Англија. Новиот цртан филм е на Гери Џанети, а се фокусира токму настаните во кралското семејство.

Според најавите, анимираната серија за кралското семејство, насловена „Принцот“, ќе се емитува на HBO Max. Покрај сценариото и продукцијата на новата серија, Џенети ќе го игра и еден од главните ликови: принцот Џорџ од Кембриџ, кој има шест години и кој е син на Вилијам и Кејт. Менаџерка за содржини на HBO Max, Сара Обри изјави: „Ние сме толку возбудени што успеавме да го претставиме светот создаден од Гери, од Инстаграм до HBO Max. Едвај чќекаме да видиме што направил Гери на платното, различно од неговиот вообичаен формат за сликање.“

Ѕвездата од „Пиратите од Карибите“, Орландо Блум, ќе го игра таткото на Џорџ, принцот Вилијам. Кондола Рашад ќе ја игра Меган Маркл, Луси Панч – Кејт Мидлтон, Том Холандер – принцот Чарлс, а Франсис дела Тур ќе ја игра кралицата Елизабета.

x

Check Also

Топ 5 видеа за оригами, одлична забава и за децата во изолација

Барате креативна забава во периодот на домашна изолација? Или забава за вашите ...