Хари и Меган Маркл бараат по милион долари за секој јавен говор

Парот наметнува низа услови за нивно учество на јавни настапи, од присуство на други говорници до спонзорства. Круната трепери. Лондон е загрижен. Упатените во палатата велат „Кралицата Елизабета е многу загрижена“.

Многумина сакаат да ги ангажираат Хари и Меган за јавни говори, но тие бараат милион долари за говор. И не само тоа, за секоја обврска тие наметнуваат низа услови, сакаат да имаат можност да изберат кој ќе го модерира настанот и кој ќе ги претстави на сцената. Тие исто така сакаат и однапред да знаат кои ќе бидат учесници на настанот, кои ќе бидат другите говорници, како и името на спонзорите. Ова го откри британскиот весник Телеграф. На кратко, Хари и Меган сакаат целосна контрола над сè.

Џон Ленон своевремено рече дека „Битлси се попознати од Исус Христос“. Тоа се случи на 4ти март 1966 година, а оваа реченица предизвика медиумска бура. Поминаа повеќе од педесет години од таа легендарна изговорена реченица на Ленон, а сега таа е скоро наивна во споредба со барањата на Хари и Меган кои веќе објавија дека сакаат наскоро да освојат Оскар со своите идни документарни филмови за Нетфликс, со кои штотуку потпишаа договор вреден неколку милиони долари.

x

Check Also

Карди Би се збогува со сопругот после три години брак

Карди Б(27) и нејзиниот сопруг Офсет (28) се разведоа по само три ...