Хари и Меган пак ги разгневија Британците, тие бараат трајно да им се одземе титулата

Голем дел од Британците се гневни откако принцот Хари го проби последното кралско табу: тој зборуваше за политиката за време на телевизискиот настап на „ЕјБиСи“ заедно со Меган Маркл, кој беше организиран како дел од церемонијата на „Највлијателните личности во светот“ на Тајм. Најновиот гаф на двојата Сасекс дефинитивно беше лошо примен во Велика Британија. И сега Британците бараат на парот трајно да им се одземе титулата.

„Ако Хари и Меган сакаат да ја поддржат Американската демократска партија, тоа е нивен избор, но тогаш тие мора веднаш да се откажат од своите кралски титули, ако не сакаат да ја оштетат монархијата “, пишува Ден Вутон, колумнист на „Сан“. На социјалните мрежи пак, и во таблоидите се води цела кампања на омраза против Хари и Меган, што е многу парадоксално, бидејќи во својот говор токму Хари се пожали на говорот на омраза кој е доминантен на Интернет: „Основно е да се спречат говорите на омраза, дезинформациите и негативноста на Интернет. Она на што сме изложени и со што се бавиме преку Интернет има вистински ефект врз сите нас “, нагласи Хари, обраќајќи им се на американските гласачи откако Меган Маркл ги повика да гласаат. Всушност, двајцата го поддржаа изборот на Џо Бајден против Доналд Трамп.

Факт е дека принцот Хари ја наруши неутралноста на британското кралско семејство, која отсекогаш била света. Како што е познато, кралските семејства не гласаат и никогаш не излегуваат јавно да ги изразат своите мислења. Кралицата Елизабета на нејзините неделни состаноци може да го советува премиерот со мислења и предлози, но она што таа го вели останува меѓу неа и премиерот. Хари, за време на обраќањето, истакна дека, како британски државјанин, тој не може да гласа ниту во САД ниту во својата татковина, но сака отворено да го каже своето мислење.

Како ќе реагира Бакингемската палата на овој нов предизвик на парот кој се повлече од кралските должности на 31 март? И, ако парот се одрече од титулите (Мегзит се очекува да се ревидира во 2021 година), што ќе биде со принцот Хари?

x

Check Also

Дуа Липа го рекламира новиот парфем од Сен Лоран – YSL Libre Intense 

Поп пејачката Дуа Липа се врати во нова соработка со луксузната модна ...