Хејди Клум и Том Каулиц: Свадба на островот Капри

Најзборуваниот пар на годината 2019 по вторпат се венчаа. Изборот беше островот од соништата, италијанскиот Капри.

Топ моделот Хејди Клум и поранешниот гитариста на Токио Хотел, повторно се венчаа откако го кажаа првото „да“ во февруари, годинава. За дестинација за венчавање го одбраа Капри и јахтата Кристина О, кадешто свадбата ја прославиле и Грејс Кели и Џеки Кенеди.

Свадба во тајност

По третпат, супермоделот Хеиди Клум рече „да“. Изборот на нејзиното срце е Том Каулиц кој е 17 години помлад од неа. Свадбата на Капри била организирана во тајност за да се избегнат папараците и воопшто фоторепортерите. Затоа се случила на јахта. Изнајмувањето на оваа јахта чинело 634 илјади долари неделно, со 30 кревети за ноќевање и капацитет да се соберат на јахтата 250 луѓе. Парот пристигнал тајно на аеродромот во Наполи една недела претходно.

Хеиди Клум е една од првите славни невести во 2019 година. Првите гласини за врската пристигнаа минатиот март, додека парот за првпат се појави заедно во јавност на црвениот тепих на amfAr Gala на Канскиот филмски фестивал. Пред Том, супермоделот беше во врска со повеќе славни чичности, меѓу кои нејзиниот прв сопруг – Рик Пипино, а потоа и италијанскиот богаташ Флавио Бриаторе.

 

x

Check Also

Ангелите на Викторија сикрет вака ја најавија новата колекција

Victoria’s Secret лансираше жешка кампања најавувајќи ја новата колекција на долна облека ...