Хејли Болдвин во новата кампања на легендарните Levi’s 501

Levi’s го прославува роденденот на оригиналниот син џинс 501 кој оваа година, на 20-ти мај, полни 146 години. А годинешната прослава започнува со Хејли Болдвин (Бибер).

Хејли ќе ги носи историските 501 модели во текот на прославата во мај, па се до сезоната на фестивалите во јуни и јули, а на неа ќе можат да се видат сите моделите 501 – од 501® Original, 501® Skinny до 501® Vintage модели.

Хејли совршено ги комбинира шорцевите и фармерките со неонски нијанси, истакнувајќи го нивниот класичен, а истовремено модерен дизајн, како и исклучителната функционалност и практичност.

  • Мислам дека ова е најлегендарното парче гардероба кое е билокога произведено, се сеќавам како 501 беа мојот совршен прв пар фармерки. Оттогаш ми се омилени и не ги менувам, изјавила Хејли Бибер.

 

x

Check Also

Папаз во Сараево пречекан со голем аплауз за модната ревија од лимитираната колекција Три

Македонскиот моден дизајнер Папаз предизвика големо внимание во Сараево со неговата луксузна ...