Хејзел Бишоп, мајката на карминот кој ниеден бакнеж не може да го избрише

Карминот е најпродаваниот производ на сите линии на декоративна козметика, но му беше потребно прилично долго време за да стане  бестселер.

h4

Ако се држиме до некои историски податоци, би можеле да кажеме дека карминот, секако не во ваква форма која денес ја познаваме, се појавува уште околу 3.500 п.н.е. Според археолозите, Сумерите ставале некаков вид боја на усните, а сумерската кралица Пу-аба која владеела околу 2.500 година п.н.е ги премачкувала усните со некаква смеса добиена од здробени бубачки. Во античкиот Египет и жените и мажите, особено воините, ги премачкувале усните со к-на или алги мешани со јод и бром со што се добивала виолетова нијанса.

Во Европа пак, карминот имаше свои добри и лоши времиња. Уште во средниот век, на пример, кралицата Елизабета Прва (1533-1603) ги нагласувала своите усни со црвеникава боја како контраст на белиот прав со кој го премачкувала лицето. Подоцна во Велика Британија, кралицата Викторија сметала дека е непристојно да се мачкаат усните со боја, а уште подоцна во Франција глумицата Сара Бернар ќе им пркоси на забраните носејќи кармин во црвена боја како крв. За време на Француската револуција премачкувањето на усните водело до џелат бидејќи се сметало дека шминкањето е слика на аристократијата.

Експериментите на Хејзел Бишоп

Декоративната козметика за првпат во форма слична на денешната се појавува во 1920 година. Сепак, како творец на карминот кој го познаваме се смета Хејзел Бишоп која го создала првиот долготраен кармин  во 1950 година. 60-те години се во знакот на козметичките компании кои речиси секојдневно лансираат нови кармини.

h3

Хејзел Бишоп

Хејзел Бишоп е родена во Њујорк во 1906 година. Била хемичарка и работела во нафтена компанија каде правела важни истражувања за квалитетот на горивото за авиони. Покрај дневните истражувачки активности, во слободното време експериментирала со создавањето на кармин кој нема да се суши, нема да има иритирачко дејство и кој ќе може долго да остане на усните. Овие експрименти ги водела според мотото – кармин отппорен на бакнежи.

Во 1950 година Бишоп основала фирма која го носела нејзиното име за да го претстави својот изум на широката јавност. Нејзиниот изум веднаш станува популарен, а првата линија лансирана на пазарот се распродала само за еден ден. Карминот отпорен на бакнежи чинел 1 долар.

Се разбира веднаш се појавиле и конкурентни фирми, но Хејзел Бишоп сепак држела дури околу 30 отсто од светскиот пазар. Вистинската „војна“ почнува кога на пазарот се појавува компанијата Ревлон и станува доминантна.

Во 1954 година, компанијата на Хејзел Бишоп од продажба на кармини остварува профит од 10 милиони американски долари годишно, и тогаш се случува конфликтот на Хејзел со акционерите кои всушност го имале поголемиот процент од компанијата. Контролата врз компанијата таа сосема ќе ја загуби во 1954 година, во судската борба со акционерите. Истата година таа ја напушта компанијата со цел да создаде нова под името Хејзел Бишоп Лабораторија, но поради правни проблеми со нејзините поранешни партнери не и било дозволено да го користи веќе славното име.

Сепак, таа била жена која лесно и брзо не се откажува.

h2

Нова слава во козметичката индустрија

Во 1962 година станува брокер, а подоцна и финансиски советник на други козметички компании. Во 1978 година повторно ја менува кариерата и станува професор на Модниот институт за технологија во Њујорк. Повторно стекнува слава но овојпат како професорка која ги подготвува студентите за кариера во козметичката индустрија.

Во 1980 година доминантната компанија на козметичкиот пазар Ревлон ја ангажира за директор на маркетинг. Истата таа компанија и беше всушност најжесток конкурент во 50-те години.

Секако, името на оваа жена останува забележано во историјата на создавањето на модерниот кармин. Денес во продавниците имаме огромен избор на кармини кои „не се бришат од еден бакнеж„. Патем, едно истражување тврди дека мажот од женските усни во текот на животот јаде по 6 килограми кармин.

 

x

Check Also

Сродните души на хороскопските знаци

Сте се запрашале некогаш што астрологијата може да ве научи за изборот ...