Хеланки со ефект на кожа од Calzedonia

Со првите есенски денови хеланките полека се враќаат на модната сцена, а покрај спортските модели кои се погодни за кежуал варијанти но и за спортување, оваа сезона се актуелни хеланките со ефект на кожа.

Тоа го потврдува и новата колекција на италијанската модна марка Calzedonia која нуди седум различни модели, па дури и еден модел во стилот на искинатите фармерки.

А таму каде што е ефектот на кожа, се разбира, е и бајкерскиот стил, кој оваа година нема да се задржи само на сукњите и јакните, туку поминува и на хеланките.

Во Calzedonia ги има во црна и темно црвена боја. И да не заборавиме – многу добро стојат и во нив изгледаме повитки.

x

Check Also

Како и со што заведува вашиот хороскопски знак

Прочитајте какви заводници сте и со што сте надарени да заведувате. Овен ...