Хелена Кристенсен го носи истиот костим за капење од пред 25 години

51-годишниот супермодел го носи истиот едноделен костим за капење како што се појави на ревијата на Кристијан Лакроа пред 25 години, и ништо оттогаш не е променето!

Модната ѕвезда на 90-те години, Хелена Кристенсен, годишниот одмор го поминува на планината Катскил каде со фотографија ја искористи приликата да ги поздрави своите фанови на социјалните мрежи покажувајќи им ја совршената фигура.

Денес 51-годишната данска топ-моделка (Мис Универзум на Данска во 1986 година) спокојно го носеше истиот костим за капење што го носеше на модната ревија на Кристијан Лакроа пред 25 години.

Убавицата својата топ форма ја одржува со протеинска диета и бокс, но често на Инстаграм може да видиме фотографии на кои позира како вежба јога и танц.

x

Check Also

Џенифер Лопез и Бен Афлек заедно го прославија 4-ти јули

Двете sвезди заедно ја поминаа годишнината славејќи ја независноста на Америка. Прво ...