Хенри Милер, уште неколку причини за повеќе да го засакате – 2 дел

Бренда Венус беше неговата прва тајна, последна муза, најголема љубов и единствена доживеана среќа по која можеше да се успокои.

Хенри во Париз

Хенри во Париз

Џун, таа беше балерина како мене. И актерка, исто како мене. Таа веруваше дека Хенри може да напише книга. Таа го натера Хенри да напише книга. Ако Џун не влезеше во неговиот живот, Хенри никогаш нема да стапнеше во Париз. А ако тој никогаш не стапнеше во Париз нема да постоеше ниту Раковниот напоредник. Никогаш немаше да ја напише.

Анаис, таа беше жената која направи Хенри да стане најголем писател. Ако Џун беше онаа која го „разбуди“, тогаш Анаис беше сигурно онаа која го научи да лета. Барем тоа е мојот впечаток. И ако Хенри Милер никогаш немаше да биде тоа што е без Анаис, тогаш ни Анаис Нин никогаш немаше да стане писателка без Хенри Милер. Тој направи се за нејзината кариера. Беше премногу великодушен кон неа.

Хенри сакаше да ми зборува долго за Џун и Анаис. Мислам дека Џун ја сакаше повеќе од Анаис, за неа зборуваше многу повеќе и многу подолго отколку за Анаис. Хенри ги сакаше жените. Ги почитуваше жените. Го сакаше и начинот на кои тие одеа, нивниот парфем, гестикулациите, движењето на рацете, косата, женската кожа. Не се наоѓаат многу мажи кои на ваков начин ги сакаат жените. Барем јас не познавам никој друг. Главно мажите поинаку ги сакаат жените, или сакаат да ги однесат во кревет, или сакаат да направат трофеи од нив. Не јас навистина не познавам никој друг кој знае да сака како Хенри.

h

Уметноста беше неговиот живот. Пишуваше наутро, а попладне сликаше. Од дете прекрасно свиреше пијано, тој имаше безброј таленти. Во младоста бил одличен атлет, нешто подоцна првак во пинг понг. Беше најдобар велосипедист во генерацијата. Пливаше со часови. Хенри го сакаше животот. Сакаше да вечера со најблиските пријатели, да испие шише вино, а овошјето го јадеше со сирење. Сакаше јагоди со шампањско. Знаеше да ве насмее до солзи. Имаше извонреден смисол за хумор. Знаеше и да готви и уживаше да готви.

Моето семејство беше луто на мене. Мојот татко е Сицилијанец, а мојата мајка по потекло е Индијка. Кога за првпат го спомнав Милер првата реакција беше ваква „Ох, душо тој е прекрасен!“. Вторпат кога го спомнав – „знаеш мама, ние сме добри пријатели и постојано си пишуваме писма“ тие беа радосни што јас го познавам НЕГО. Веќе третиот пат беше страшно. „Бренда, луѓето зборуваат дека ти и Хенри сте во врска. Луѓето зборуваат дека ти имаш односи со еден старец кој би можел да ти биде прадедо!“. Татко ми никогаш не престана со оваа приказна. Беше ужасно лут на мене, никогаш не ми прозборе. Моите родители се од оние луѓе кои од мала ме учеа да бидам добра домаќинка, да се омажам добро, да бидам верна, па едноставно Хенри не може да го „проголтаат“. Ме мразеа што е така. Мразеа да го спомнам неговото име. Мразеа што ги разочарав. Години подоцна, мајка ми се согласи да дојде да ме посети. Татко ми никогаш повеќе не стапна во мојот дом. Знаете каков може да биде еден вистински Сицилијанец.

henri

Тоа ми се случуваше секојдневно. Луѓето ме гледаа со презир, со прстот покажуваа на мене, еве ја, таа е новата курва на Милер. Премлада е за него. Не е вистина дека никогаш не се допреле. Не престанував да им велам – „Не, вие навистина ништо не разбирате! Не е тоа што вие мислите. Јас и Хенри не водиме љубов. Нашата врска е врска на две срца.“ Мислите ли дека некој ми веруваше?

brenda 1

Еднаш и навистина го прашав „Хенри, што мислиш ти за тоа…, што би се случило ако ние водиме љубов?“Тој ми одговори – „Бренда, јас навистина не би можел тебе да те допрам. Сигурен сум дека ако само те допрам ќе умрам. Ете тоа би се случило“.

Во четиригодишниот страсен, заносен, болно-љубовен период на Хенри Милер и Бренда Венус тие меѓусебно си разменија 8.808 љубовни писма, 192 средби во четврток навечер, едно десетдневно патување во неговиот омилен град Париз и едно еднодевно патување кај тогаш најпознатиот астролог за да им открие дали навистина тој и таа се тоа што се вика судбина. Седум бакнежи во образ и 192 стегање за рацете, веројатно два пати повеќе на силни прегратки (при излегување и при влегување во ресторанот). И ништо повеќе од тоа. Хенри Милер авторот на најсекусалните дела од минатиот век, махерот за секс скандали и куп т.н вулгарности немаше никаков интимен контакт со судбината на неговиот живот Бренда Венус.

brenda 6

На 7 јуни 1980 година почина Хенри Милер, мирно во својата постела, во куќата на Пацифик Палисејдс, на истиот ден кога точно пред четири години го испрати првото писмо на Бренда. Го најдоа со широка насмевка на лицето и со пенкало во раката. И пишувал писмо на Бренда, неговото последно писмо за неа, во најголем наплив на среќа од која можеби, како што некогаш се колнеше, самиот посакал да се успокои. По неговата смрт Бренда Венус не љуби никого.

 

М.Б, Ј.К

x

Check Also

Розовото палто на Џеки Кенеди

Ни 50 години по смртта на американскиот претседател Џон Кенеди приказните не ...