Хермес: Испратете празнична честитка со ракописна порака

Француската модна куќа Хермес ја промовира кампањата за сочувување на вредноста на раскописното пишување преку новата линија на пенкала Наутилус. Кампањата ги охрабрува купувачите да испратат новогодишни честитки кои ќе содржат пораки што ракописно ќе се напишат.

h1

„Во дигиталната ера во која се пишуваат мејлови, твитови, пораки, рачно напишаните белешки се ретка форма на коресподенција“, објаснува Брајан Хонигмен, маркетинг консултант со седиште во Њујорк додавајќи дека Хермес прави обид да се сочува ракописот , а за таа цел да се искористат божиќните и новогодишните празници во кои кореспонденцијата меѓу луѓето е најголема.

Сепак, целата кампања на Хермес се одвива преку Интернет, а честитките се всушност виртуелни какви што се и пенкалата.

„Ајде, пишувајте“. Фотографијата ги покажува деталите од трите мастила на Хермес Наутилус од различни агли, додека текстот под неа порачува – „Ќе ја откриете уметноста на конверзацијата. Изберете го вашиот Наутилус, и напишете му на вашиот пријателот на Хермес.ком “.

h2

Со „клик“ на еден од производите Наутилус автоматски започнува видео-клип кој ги покажува трите опции на боја на пенкалото. Кога видеото завршува се појавува нова порака „ Време е да напишете уште еднаш! Одберете Наутилус и…“. Од десната страна се појавуваат моделите на пенкала, поточно боите на самото пенкало, а по оваа селекција се повајува пораката „пишете му на пријателот“. Откако ракописно ќе ја напишете пораката таа се испраќа до пријателот односно до адресата која ја оставате.

Целата процедура е забавна, а очигледно и маркетиншката кампања на Хермес е успешна.

x

Check Also

Неделен хороскоп (12. до 18.април): Спокојство за Раковите, стрес за Стрелците, љубов за Биковите и Рибите

Оваа недела планетата Венера ќе го напушти знакот на Овен за да ...