Хит чевли од MANGO за пролет/лето 2019, одлични во секакви модни комбинации!

Ако сте во потрага по добар чифт чевли во кои ќе ја поминете пролетта и кои ќе „стојат“ речиси на сите модни комбинации, моделот како овој кој го нуди шпанската модна марка Манго во колекцијата пролет/лето 2019, ќе ви стане омилен.

Тенката потпетица е доволно висока да ја дефинира и издолжи силуетата, но толку е удобна што во чевлите може да бидете активни во текот на целиот ден. Дизајнот потсетува на едноставни салонки со истакнат врв и тенки ремчиња.

Без оглед на тоа дали сакате да ја истакнете модната комбианција или пак, преферирате класика, овој модел одлично ќе се вклопи во секој моден избор.

Чевлите се изработени од козја кожа, а цената им е многу поволна – 2.990 денари. Достапни се во продажба во Манго, како и на официјалната онлајн шопинг страница на Фешн Груп – ТУКА.

x

Check Also

Топ 4 комбинезони од летната колекција на Massimo Dutti

Ги сакаме комбинезоните зашто со нив не размислуваме многу со што ќе ...