Хит диета со највидливи резултати, првите – за 24 часа

Сите кои имаат вишок на килограми се потенцијални кандидати за протоколот на липосукциска исхрана. Но, оваа метода за слабеење бара одреден ментален капацитет. Важно е да се има цврста одлука и силна волја. Сите кои не се сигурни во себе и во тоа што го сакаат, за нив ова би било преголем предизвик. Од друга страна пак, постои мотивациски фактор, како на пример, првите резултати на слабеење да ги видите за само 24 часа! Клиничките студии изработени во Италија, покажале резултати – загуба на 7 до 10 килограми од почетната телесна тежина за 14 дена. А секојдневната пракса на International Health тоа го потврдува.

Мандра и претседателката на Хрватска која драстично ослабна

International Health е сериозна компанија која доби доверба и од „обични“ луѓе и од славни личности. Зад компанијата стои 10-годишна работа, впечатливи резултати и вистински сведоци.

– Отворивме 14 советувалишта за исхрана и планираме да продолжиме да се шириме на глобално ниво. Диетата се спроведува на четири континенти. Нашата фабрика во Германија е член на Здружението за нутритивни истражувања, а нашата компанија во Москва директно соработува со Институтот за прехрана и диети, основан од Руската академија на науки и уметности. Поставувме нови стандарди. Ако некоја позната личност вели дека ослабнала со липосукциска исхрана, за нас е тоа секако добар маркетинг и не гледам во тоа ништо спорно – објаснува познатиот нутриционист Кенан Мандра.

 Меѓу оние кои лично се изјасниле за успехот на липосукциската исхрана е и претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ. Личен план на исхрана во International Health имале и бројни славни личности, без разлика дали се работи за политичари, бизнисмени, уметници, спортисти или доктори, но компанијата е позната по етичкиот кодекс со кој на секој клиент му гарантира целосна дискреција.

– Пред да ја наречат „Диетата на Колинда“, липосукциската исхрана ја обележа Халид Бешлиќ, за што и денес отворено зборува. Ослабна 9 килограми за 10 дена, а потоа уште 4 килограми за 5 дена. И Халид Муслимовиќ беше успешен со диетата. Меѓу познатите во регионот, рекордот сепак, го држи Жељко Самарџиќ, кој ослабна 25 килограми за 45 дена. Можам да набројам повеќе од 100 познати имиња кои ја практикуваа диетата, а меѓу нив се Дејан Матиќ, Ана Бекута, Тијана Дапчевиќ, Сузана Манчиќ, Дејан Станковиќ, Његица Балорда, Алмир Курт, Гоца Тржан, Стоја Новаковиќ, Зорица Брунцлик, Ана Бегиќ, Далибор Петко и многу други. Дури и цела рок група од Хрватска, „Општа опасност“ беше на заедничка диета. А има и славни светски личности, како најголемата грчка ѕвезда Антонис Ремос и десетици други – вели Мандра.

За протоколот на слабеење од 14 дена, потребни се и помошни средства кои ги обезбедува International Health. Исхраната се базира на здрави намирници, храна во изворен облик, или преработена на традиционален, а не на индустриски начин. Од исхраната мора да се исфрлат шеќерите, вклучувајќи ги и овошните, житарките, индустриските билни масла, маргаринот и сојата. Темелот на исхраната треба да биде зеленчукот, како што е спанаќот, зелената салата, брокулата, карфиолот, доматите, пиперките, тиквичките… Но, тука не спаѓа компирот ниту цвеклото.

Протоколот за слабеење трае 14 дена и може да се повторува до посакуваната цел. Правилната и здрава исхрана трае цел живот. Тука нема компромис, а „јо-јо“ ефект не постои. Килограмите никогаш не се враќаат.

– Долги години се бавам со луѓе кои сакаат да симнат вишок килограми и после илјадници од оние со кои сум разговарал лице в лице, со различно ниво на образование, стари и млади, мажи и жени, од различни националности, со различна здравствена состојба и психолошки профил, сум заклучил дека повеќето луѓе не успеале да ослабнат зашто никогаш сериозно не пробале да ослабнат. Повеќе луѓе не успеале да ослабнат зашто премногу се занимавале со мерење на вага и броење калории, а не доволно со промената на свеста. Најголем проблем е недостиг на „мајнд ефект“, тоа е оној „клик“ во главата да бидете сериозни во тоа што го правите. Тоа е мојата порака на сите кои држењето диета им е „професија“, а не мисија која води кон цел. Затоа и осмисливме „алатка“ која го менува умот и телото, која на сите ќе им обезбеди достапен пат до успехот, за липосукциската диета да им биде последна диета која ја држеле во својот долг и среќен живот – додава Мандра.

Советувалишта и центри за липосукција има и во Загреб, Љубљана, Букурешт, Белград, Софија, Москва… Центарот на „Интернешнл хелт“ во Скопје дава бесплатни совети на телефоните 02 3151714, 070 535033 под раководство на д-р Валентина Крстевска.

x

Check Also

Кои се и што значат супер состојките на супер лебовите на Жито Лукс

Водечкиот производител на брашно и леб на нашиот пазар, Жито Лукс, пред ...