Хит играчките Oddbods – во продажба во продавниците „Крш“

Впуштете се во волшебна авантура со Oddbods-ите, неодоливите суштества кои се подготвени на се, а кои носат хумор во секојдневните ситуации кои на сите нам ни се добро познати и блиски. За која и ситуација да се работи, може да бидете сигурни како секое од овие слатки суштества ќе пристапи на својствен, за за нас помалку необичен, начин. Вооружани со бујна фантазија и жед за љубов и смеја, со Oddbods-ите бидете подготвени на се и на сешто.

Тука е Bubbles која е непоправлив оптимист и која има заразен ентузијазам, со неа секогаш очекувајте го неочекуваното. Slick пак е „кул“ лик, мудроста не ја стекнал на училиште, а технички е „попоткован“ од било кој стручњак, вистинско чудо е како работите не му одат онака како што ги замислил. Потоа, тука е Fuse, кој многу лесно може да се налути, но таков за среќа не останува долго.

Zee сам себе би се опишал како безгрижен лик, а другите за него би рекле дека не е педантен, сепак, тој најмногу од се сака да јаде, додека Pogo пак постојано предизвикува проблеми, а знае и баш да биде „давеж“.

Преслатката Newt е најмала во оваа екипа, таа е вистинска шминкерка во душата, да ја нема големата страст кон слатките би се рекло дека е совршена. Најпосле, тука е и Jeff кој многу сака ред и лудо е педантен…

Не пропуштајте ги!

Хит играчките Oddbods се достапни во продажба во продавниците „Крш“. 

Крш бебе Веро центар, Крш тц Рамстор, Крш ГТЦ сутерен, Крш тц Зебра, Крш Скопје сити мол, Крш Капитол мол, Крш Веро центар, Крш Сума Куманово Крш Ситицентар Гостивар и Крш Remall во Тетово.

x

Check Also

Нова колекција во Original Marines, нема изненадувања – најдобри се!

Во продавниците на Original Marines пристигна новата колекција. Претпоставувате веќе? Најдобри се. ...