Хит модно парче од Bershka – Бајкерска јакна во 5 нијанси

Бајкерските јакни остануваат во мода и оваа пролет. А една од најпосакуваните бајкерски јакни, оваа пролет ни доаѓа од Бершка и тоа дури во 5 различни нијанси.

Кратката јакничка од Бершка со ременчиња може да се најде во класична црна боја, но и во ведрите тонови – светлосина, зелена, розова и карамел.

Со оглед на прифатливата цена, не се сомневаме дека ќе доминира на градските улици во вечерни и лежерни модни комбинации.

За промена, наместо само со фармерки, пробајте да ја носите и со фустанче со цветен или шарен принт.

x

Check Also

Timberland колекција есен/зима 2018: Го продолжуваме патувањето низ „урбаната шума” (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Со поглед кон минатото и чекор кон иднината, колекцијата на Timberland за ...