Хит модно парче од Mango: Кафен фустан со бели точки (како од филмот Pretty Woman)

Точкастите фустанчиња ќе бидат хит за оваа пролет и лето. Еден исклучителен модел најдовме во новата колекција на Манго.

Женствениот фустан во кафена боја, со бели точки, многу потсетува на фустанот кој го носеше Џулија Робертс во филмот „Убава жена“.

Џулија Робертс во Убава жена

И додека фустанот кој го носеше Џулија Робертс беше дизајниран за попладне поминато во високо друштво, фустанчето од Манго, со пристојна цена, е наменето за полежерни пригоди.

Погледнете го „одблизу“.

 

x

Check Also

SUPERDRY маички во неонски нијанси

Неонските нијанси се водечки тренд за лето 2019, а во SUPERDRY најдовме две ...