Хит модно парче од Zara: Панталони со точки

Шпанската популарна „хај стрит“ модна марка Зара има неколку хит модни парчиња за пролетната сезона, но на листата на бестселери предводат точкастите панталони.

Точкастите материјали се водечки тренд за потоплите денови, а прекрасни фустани со точки видовме во новата колекции на Манго. Зара пак, во знакот на точките, ни предлага модерни, женствени панталони кои лесно се комбинираат и со кошула (еднобојна или и таа во точки), соодветен изглед дури и за деловна атмосфера.

Панталоните во кафена боја, украсени со црни точки, иако сеуште не се во продажба (ќе пристигнат пред да пристигне пролетта), веќе се омилено модно парче за многу девојки кои позираат во нив на Инстаграм. Не се сомневаме дека и кај нас, во потоплите денови, често ќе ги гледаме на градските улици.

x

Check Also

Џиџи Хадид носи ремен и елек од новата колекција на MANGO

Топ моделот Џиџи Хадид е фотографирана во „кежуал“ издание, во макси фустан ...