Хит панталони од Massimo Dutti, би ги носеле ли и вие?

Класичните и практични модни парчиња никогаш не излегуваат од мода и прилично едноставно се комбинираат. Така е и со моделот на панталони од пролетната колекција на Масимо Дути кој за кратко време стана едно од најбараните модни парчиња за сезоната.

Овие панталони во беж нијанса се како создадени за преодниот период, а освен што се едноставни за комбинирање ги сакаме и поради тоа што се удобни. Изработени се од памук и три отсто еластин, па затоа може да се носат во активен ден од утро до вечер.

Може да се комбинираат со романтични, бели или чипкасти блузи или пак со кошули доколку преферирате деловен изглед.

x

Check Also

Тренд водич на Massimo Dutti за зима 2019/2020

Отилија Сајмон позира во новата кампања на Massimo Dutti. Тренди водичот е ...