Ѕирнавме во пролетните колекции на двата популарни „хај стрит“ бренда Манго и Зара, и…-понудата на чевли е подобра од очекуваното!
Добрата вест е што се враќаат на модната сцена силните бои, веселите нијанси, впечатливите детаљи, а потпетиците се женствени – не премногу високи, а тенки. Наш фаворит се жолтите тонови на чевли со модерни дизајни кои ги најдовме и во пролетната колекција на Манго, и кај Зара. Нежните пастелни тонови, пак, како и белите чевли и трендовските со зебра принт, ќе ја освежат секоја модна комбинација особено во деловната атмсофера.
Чевлите во црвена боја се супер за вечерни изегувања, а ние би ги носеле и во комбинација со „слим фит“ фармерки.
Погледнете ги нашите фаворити во фотогалеријата.