Хит сукња од Bershka во неон-зелена нијанса

Неонските нијанси, особено жолтата и зелената, се едни од водечките трендови за сезоната пролет/лето 2019.

Во пролетната колекција на Bershka најдовме трендовска сатенска сукња со миди должина во неонска зелена нијанса. Сукњата има женствен и едноставен крој, но самата боја ја прави посебна.

Одлично се комбинира со останат дел од гардеробата кој е „смирен“, во неутрални тонови, а најдобро „стои“ со бели модни парчиња. За надополнување на изгледот, може да се одлучите за класични бели патики (за кежуал или дневна варијанта) и никако нема да направите утка, исто како што нема да згрешите ако ја носите со бели сандалчиња или сандали со блок потпетица за вечерни излегувања.

 

x

Check Also

Џиџи Хадид носи ремен и елек од новата колекција на MANGO

Топ моделот Џиџи Хадид е фотографирана во „кежуал“ издание, во макси фустан ...