Холандски палачинки со јаболка

Палачинките се секако европски производ. Во Англија, првиот запис за палачинки датира од средината на 15-от век, сепак се смета дека палачинките се конзумирале многу пред тоа, но не постојат записи со што биле полнети. На каков вкус помислувате вие кога ќе се спомне зборот палачинка?

Веројатно, не на крем од јаболка. Но овој рецепт за палачинки приготвени на холандски начин е толку вкусен што ќе ви отвори нови видици за палачинките и нивното полнење.

Намирници – 3 јајца, половина чаша пченично брашно, бело, половина мала лажичка сол, 3 јаболка, половина чаша кравјо млеко, полномасно, 2 лажици путер, сок од половина лимон, шеќер во прав, ванилин шеќер.

Подготовка

Изматете ги убаво јајцата и додадете ги на брашното мешајќи, додавајте го и млекото. Додадете го и истопениот путер. Излупете ги јаболката, исечете ги на тенки кругови, попрскајте ги со шеќерот и лимоновиот сок.

Смесата за тестото префрлете ја на три дела во три округли садои за печење кои претходно добро ќе ги премачкате со путер. Печете во загреана рерна 15-на минути на 220 степени. Смалете ја температурата на 200 степени и додадете ги јаболката на потпеченото тесто, па печете додека не поруменат јаболката.

Сервирајте ги палачинките топли, попрскани со ванилин шеќер.

x

Check Also

Слатко-солено пилешко со брокула

Брокулата не само што е многу здрава туку е и вкусна намирница. ...