Холивудски трикови за успешно слабеење

Дали упорно настојувате да го симнете вишокот килограми, но тоа никако не ви оди од рака? Пробајте некои од овие едноставни тајни на холивудските ѕвезди.  Ако редовно ги применувате ќе си обезбедите повитко и поздраво тело.

holivud 3

 

Разблажете го сокот со вода

Комбинирајте го омилениот сок со обична или минерална вода. Така можете да намалите дури 85 калории по чаша и годишно да изгубите 2-3 килограми.

Читајте го составот на производите кои ги купувате

Дали помисливте дека тие слатки, грицки или сокот кој штотуку го консумиравте содржи 200 калории? Погледнете ја внимателно декларацијата, можеби ќе откриете изненадувачки податоци.

holivud 5

Зелен чај пред шетање

Кофеинот ги ослободува масните киселини, а тоа помага кај лесното согорување на вишокот маснотии. Кога полифенолот од зелениот чај ќе се „здружи“ со кофеинот, дејството е уште поголемо. Но, доколку имате висок крвен притисок  избегнувајте го овој совет.

Избегнувајте ги диеталните пијалаци

Диеталните пијалаци само моментално ги намалуваат калориите, додека вие подоцна ќе изедете многу повеќе.

HALLE BERRY at The BET Honors

Понесете си ручек на работа

Ако својата пауза за ручек ја користите за одење во ресторан или нарачувате брза храна пет пати неделно или повеќе, во себе дневно внесувате 300 калории повеќе отколку што треба. Ручекот кој сами го подготвувате дома е многу поквалитетен оброк – поздрав е и помалку дебелее.

Наместо путер употребувајте маслиново масло

На леб подобро ставете маслиново масло отколку путер. Поздраво е и ќе ви помогне помалку да јадете. Според едно истражување испитаниците кои го макале лебот со маслиново масло внесувале 52 калории помалку од оние кои користеле путер.

Посипете ги житарките со ленено семе

Лененото семе има големо количество влакна и можат да ви помогнат да го намалите апетитот и да ги отстраните калориите. Додадете ги на утринските житарки и прелијте ги со јогурт. А, можете и да направите здрав кекс со сусам и лен и да ги грицкате во текот на денот.

Gwyneth Paltrow attending the God's Love We Deliver 2012 Golden Heart Awards Celebration at the Cunard Building in New York City

Двојно зголемете го внесувањето на вода

Ако на работа консумирате вода од шише, следниот пат наместо мало пакување земете поголемо затоа што така ќе испиете повеќе вода.

Излажете ги сетилата

Шмукајќи бонбони од еукалиптус или ментол можете да го „излажете“ своето сетило за вкус и така во моментот да ја сопрете желбата за храна.

Зачинете ги оброците

На своите оброци додадете им чили – ќе ви помогне да не јадете премногу често.

holivud 1

Не го ситнете зеленчукот за салата

Наместо ситно да го сечете или рендате, исечете поголеми парчиња тиквичка, целер, морков и друг зеленчук од кој планирате да ја направите салатата. Така ќе вложите поголем напор во џвакање, па со тоа на крај повеќе ќе џвакате, а помалку ќе изедете.

Повикајте ги пријателите

Моментите на осаменост подобро скратете ги дружејќи се со пријателите, отколку дружејќи се со колачите и разновидните грицки, или со кутија сладолед.

Дигнете го далечинскиот управувач

Ако престанете да го употребувате далечинскиот управувач за ТВ, ДВД или од вратата на гаражата, повеќе ќе се движите и така ќе согорите дополнително 200 калории дневно.

Купувајте помали пакувања

И покрај тоа што поголемите пакувања се поевтини, одлучите за помалите кутии на полиците во супермаркетите бидејќи, како што открива едно истражување ќе изедете дури 44% помалку храна.

Порачајте риба

Производите богати со масни киселини како што се рибите ( туна, лосос, скуша и бакалар) можат да ви помогнат во борбата против лошиот холестерол. Дебелите луѓе кои во склоп на својот ниско калоричен режим на исхрана секојдневно консумирале риба изгубиле околу 20 % повеќе тежина од оние кои не јаделе риба.

Истакнете мотивирачки пораки

За да се мотивирате сами себе во „намалување“ на килограмите, на одредени места во домот (фрижидер, ТВ) истакнете некои цитати или мотивирачки пораки.

Пијте многу течност

Дехидрацијата може да го забави вашиот метаболизам за околу 3%. Кај телесна тежина од 68 кг тоа би значело околу 45 калории помалку на дневно ниво. Тоа преставува вкупно 2,3 кг годишно. Затоа пијте што повеќе течности.

 

М. Р.

x

Check Also

Користете ја технологијата за добро и научете основни допири за самопреглед на дојка

Со креирање на микросајтот www.pauzazapregled.mk, Телеком ја користи технологијата за добро како ...