Холивудските актери се збогуваат со Лук Пери

Холивудските актери преку социјалните мрежи се збогуваат со американскиот глумец Лук Пери кој почина вчера од масивен срцев удар, на возраст од 52 години.

Лук Пери беше познат по улогата на Дилан во популарната телевизиска серија Беверли Хилс 90210. Глумеше во бројни филмови и серии, од кои и во последниот Riverdale на Netflix, а во 2002 година имаше и свој бродвејски деби како Бред во “The Rocky Horror Picture Show”.

Јан Зиринг, поранешниот колега на Пери од серијата „Беверли Хилс“ напиша емотивна порака на Твитер околу сеќавањата кои ги делат последните 30 години.

Моли Рингвард, која глумеше со Пери во Riverdale, преку Твитер ги замоли фановите на Пери за сочувство кон неговото семејство.

Меѓу бројните глумци кои се збогуваат преку социјалните мрежи со нивниот колега, емотивна порака напиша и Леонардо ди Каприо.

x

Check Also

Меган Маркл ја претстави својата хуманитарна колекција

По породилното отсуство, Меган Маркл се врати на должност – во лондонската ...