Хороскоп: Ноември ќе биде месец на родените во знакот на Стрелец!

Во ноември, 2018, планетата на среќата Јупитер од знакот на Шкорпија ќе влезе во знакот на Стрелец, носејќи им на Стрелците преубав среќен период! Ноември ќе биде успешен период и за родените во огнените знаци. Во љубовта пак, ќе бидат фаворизирани Вагите, Близнаците и Водолиите.

Топ знак на ноември се Стрелците. Тие ќе бидат фаворити на планетите на сите полиња. Почнувајќи од работен план, Меркур ќе влезе во конјукција со знакот и ќе им донесе на Стрелците важни деловни средби кои се долго очекувани, но и голем залет на започнатите и новите проекти.

Но, најважната работа е што планетата на среќата, Јупитер, сосема ќе ги фаворизира Стрелците, со влегувањето во нивниот знак, подарувајќи им бројни пријатни изненадувања и задоволства. Ова е период за лансирање на нови проекти, за започнување на убави, нови, љубовни приказни! А тука е и Венера, со голема поддршка, која ќе донесе стабилност и мир во врските, а осамените – нема повеќе да бидат сами, туку среќни и вљубени до уши.

Уживајте во прексраниот месец, драги Стрелци!

x

Check Also

Неделен хороскоп (12ти-18ти ноември): Топ знаци на неделата Водолија и Лав

Оваа недела планетата Марс го напушта знакот на Водолија и влегува во ...