Хороскоп за 2021 година: Кој ќе заработи најмногу пари?

Кој најмногу ќе заработува во 2021 година, а кој најмногу ќе троши?

Еве го рангирањето на хороскопските знаци кои полесно ќе заработат пари во 2021 година и оние кои, наместо тоа, ќе мора да се соочат со трошоци. На се ова се должи заслугата или ненаклонетоста на планетата Јупитер!

12. Шкорпија

Не сакаме да ве загрижиме што се наоѓате на дното на листата, односно на 12.место. Поентата е дека во следните 12 месеци ќе има многу пресврти во вашиот живот, а тоа се должи на влијанието на Уран во опозиција и лошата поставеност на планетата Сатурн. Идејата да се фокусирате на бизнисот веројатно нема да биде прва од вашите приоритети. Во текот на целата година ќе имате неочекувани и непланирани трошоци, за жал. Но веруваме дека Вие најдобро знаете да се справите со жешкиот костен.

11. Лав
Ова за Вас ќе биде година на лудо трошење. Сепак, за Вас тоа не е нешто ново, затоа што луксузот е нешто од што навистина не сакате да се откажете. Дефинитивно, во 2021 година, со Јупитер и Сатурн во опозиција, трошоците нема да бидат само за луксузирање, туку и за неочекувани настани, како што е, на пример, расипувањето на машината за перење или фрижидерот.

10. Бик
Јупитер во неповолна позиција следнава година ќе ве втурне во брдо трошоци па дури и долгови. Ваквите промени на економски план ќе ви донесат неспокојство, но и ќе ја разнишаат вашата сигурност. Затоа, внимавајте! Годинава конечно ќе се уверите дека заштедата е навистина многу корисна.

9. Риби
За вас најдобро е во текот на 2021 година некој близок или човек од доверба да ги „води“ вашите сметки. Особено внимание обрнете на месеците мај, јуни и јули, кога трошоците ќе скокнат нагло, веројатно поради некоја ваша замислена инвестиција. Сепак, сметките ќе испаднат поголеми од она што сте го планирале. Но, Вие сте Риби и знаеме,  вашата врска со парите секогаш ќе остане иста: не многу разбрана, ама мирна.

8. Рак
Парите обично не се на врвот на вашите приоритети, туку емоциите и  внатрешните патувања. Сепак, со оглед на тоа што доаѓате од 2020 година во која Јупитер веројатно ви ги исцеди џебовите, како и самодовербата, во 2021 година ситуацијата може само да се подобри. Затоа, подгответе се да ги вратите своите економски основи.

7. Јарец
Што се однесува до вас, дури и да глумите рамнодушност, ние многу добро знаеме дека прашањето за парите е од витално значење. Без разлика дали станува збор за статус или безбедност, се радувате кога ги броите нулите на вашата банкарска сметка. Во 2020 година Јупитер ви носеше поголема леснотија при одлучувањето за инвестиции, додека во 2021 година, Јупитер ќе ве сака помудри, што сигурно не значи посиромашни, туку само повнимателни.

6. Девица
Во оваа 2021 година убавината ќе биде во тоа што со поголема спонтаност ќе одлучите да дадете зелено светло. Од Јупитер ќе го добието одобрувањето, а и лесната заработка. Единствена забелешка: во месеците од мај до јули, кога Јупитер влегува во знакот на Риби, бидете внимателни на неочекувани трошоци.

5. Стрелец
Во 2021 година, Јупитер ќе работи во ваша корист, и ќе добивате дискретна поддршка! Затоа нема да имате проблеми во економските преговори или дури и во управувањето со инвестициите. Сепак, внимавајте кога ќе се осмелите да вложите поголема сума пари на иницијатива или проект. Ѕвездите не ви препоррачуваат тоа да го направите во месеците од мај до јули кога Јупитер ќе биде во знакот на Риби и затоа во квадрат со вашето Сонце.

4. Овен
Предвидувањата за вашата економска состојба во 2021 година толку добро се балансираат што најавуваат многу плодна година! Всушност, Јупитер ќе се залага за финансиска поддршка за импулсивен, смел, храбар и често смел знак каков што е  вашиот, но не без одреден ризик во економски инвестиции. Но, и Сатурн е со вас, па тој ќе ќе ги умери вашите одлуки. Пред да инвестирате, проверете го одново и одново планот.

3. Близнаци
Во 2021 година Јупитер, планетата на парите, ќе работи бесрамно во ваша корист. Оттука и вие со леснотија ќе му се приближувате на било кој трошок, не обрнувајќи многу внимание на буџетот, па балансот на крајот на годината ќе биде фит-фит. Односно, колку што (многу) ќе заработувате, толку многу и ќе трошите.

2. Водолија
За вас ова ќе биде година на големи инвестиции. Емоционални, плански и економски инвестиции, и тоа сите на долг рок! Зелено светло од ѕвездите имате за големи набавки, хипотеки, барања за заем. Но подеднакво ова ќе биде и година на големи промени за вас – и тоа токму поради парите, кои можеби ќе ве пренасочат и во други професии или активности, до сега не толку познати.

1. Вага

Во однос на финасиската заработка, Вие ќе бидете ѕвезда меѓу ѕвездите во текот на целата 2021 година! Вашиот Сатурн (многу силен во знакот) ќе искри и ќе гледа наоколу чекајќи аплауз. Знајте дека во 2021 година ќе можете конечно да управувате со вашиот економски живот, но исто така и со луѓето околу вас – со прецизност на искусен генерален директор, но и со љубопитност на акционер.

x

Check Also

„ЛАЧИ ИСКРИНИ“ – Поетска збирка на д-р Михаил Левенски во издание на „Матица Македонска“ и Фондација д-р Михаил Левенски

Фондацијата „Д-р Михаил Левенски“, со голема благодарност до издавачката куќа „Матица Македонска“ ...