Хороскоп за април: Топ знаци на месецот – Риби, Овен и Бик

Во април планетата Венера ќе го поддржува знакот на Риби, носејќи многу среќа во љубовта на сите водни знаци, а некои љубовни проблемчиња ќе имаат кутрите Девици, и не само тие…На работен фронт голема среќа ќе имаат Биковите и другите земјени знаци, додека некоја пречка за надминување ќе имаат Шкорпиите. А вие во кој знак сте родени? Прочитајте што ви подготвија ѕвездите за март 2019.

Овен – Преубав април

Драги Овни, април за вас ќе биде навистина фантастичен месец – на повидок се убави вести, прилики кои не треба да се пропуштат и голема среќа во љубовта. Но, за сите овие преубави нешта ќе мора да почекате до втората половина на месецот, поточно до 20ти април кога во вашиот знак ќе влезе планетата на љубовта – Венера и планетата на комуникациите – Меркур кои заедно ќе ви донесат огромни успеси! Се до овој датум вашиот живот ќе наликува на мирно море, без бранови. Но, веќе знаете, се подготвуваат големи настани во последните 10 дена на април кои пријатно ќе ве изненадат. Април ќе биде поволен месец и за вашето здравје и енергија.

Бик – Успех во љубовта и на работа!

Подготвени сте за еден посебен април? Планетата Меркур ќе биде во вашиот знак се до 20-ти, носејќи ви големи можности за успех на работното поле. Ако се борите на работното место за признавање на вашите проекти, сега ќе имате можност за награда на вашите резултати. Очекувајте важен разговор, повик или средба кој значително ќе ве унапреди на деловен план. И на љубовно поле април ќе биде среќен месец – Венера ќе ве поддржува до 20-ти, ќе создава хармонични односи во врската и ќе ја зацврстува, додека осамените Бикови ќе имаат бројни прилики за интересни средби. Физичката сила и енергијата се загарантирани!
Близнаци – Марс во конјукција!
Почнуваме одма со убави вести. Планетата Марс ќе биде во конјукција со вашиот знак во текот на целиот месец. Тоа значи дека доброто расположение, физичката сила и одличното здравје се загарантирани. Ќе бидете подготвени да направите се што треба и се што сакате! Оваа ваша волја и енергија ќе ви донесе одлични резултати на работен план. Не заборавајте дека 2019 година за вас е секако во знакот на работните успеси и предизвици. Стиснете ги забите пред предизвиците и одете смело напред! Во љубовта пак, не е се така убаво – пред вас е период на кавги и недоразбирања. Внимавајте да не донесете избрзани одлуки.
Рак – Ќе успеете!
Драги Ракчиња, април ќе започне за вас на најубав можен начин, подобро од очекувањата. Се до 20-ти април ќе ја имате заштитата од Меркур кој ќе ви помага лесно да ги постигнувате целите на деловен план. Ѕвездите ви препорачуваат да не се плашите или откажете поради несигурност ако пред вас се појават можности за промена, со направената промена, дури и на работното место, ќе успеете повеќе! И на љубовен план розите ќе цутат како во вистинска пролет – до вас ќе имате прекрасна личност која ве разбира и која е подготвена да ви помогне и поддржи. Внимавајте после 20-ти април зашто следува тензичен период во врската, последните 10 дена во месецот ќе бидат нервозни.
Лав – Проблемите се зад вас…
Конечно во април ќе може да воздивнете на љубовен план и да се ослободите од тензиите кои ги имавте со партнерот. Ќе успеете да ги надминете недоразбирањата и пред вас е мирен период на размена на позитивни чувства. Опозицијата на Венера, која ви создаваше проблеми во текот на целиот март, сега е минато! Од 20-ти април пак, вашата врска ќе стане уште посилна и постабилна. Осамените Лавови, после 20-ти април, може да сметаат на средба со посебна личност. Марс ќе биде поволен и ќе ви донесе добро здравје и позитивна енергија. Последните 10 дена од месецот ќе бидете супер расположени!
Девица – Венера во опозиција
Драги Девици, за жал, месецот април за вас ќе биде долг и непријатен, особено на сентиментален план – за жал, се до 20ти април, планетата Венера ќе биде во опозиција и ќе ви создава непријатни случки и тензии со партнерот. Многумина од вас ќе се одлучат да стават крај на тешката љубовна приказна. Доколку пак, стиснете заби и успеете да издржите до 20-ти април, можни се позитивни промени во врските и повторно зближување. Сконцентрирајте се на работен план, тука е Меркур да ви даде поддршка да се покажете. Марс пак, е во неповолна позиција што значи ќе немате доволно волја и енергија за да ги истуркате работите до крај, а и расположението ќе биде на нула.
Вага – Соочете се со проблемите!
Воглавно, април ќе биде мирен месец за вас, особено во првиот дел. Ќе добиете впечаток дека се се одвива добро, па ќе имате време и за релаксација. Но, по ваквото спокојство следува бура – веќе од 20-ти април предвидени се неповолни случувања на работното место, но и на љубовен план. И Венера и Меркур ќе влезат во опозиција со вашиот знак создавајќи ви блокади на сите полиња. Совет на ѕвездите е да не ги потценувате и игнорирате малите прашања и да не глумите дека не постојат, туку да се соочите со проблемите и да ги решавате. Марс е поволен и ќе ви даде енергија за тоа.
Шкорпија – Тука е Венера
За жал, април, барем до 20-ти, ќе биде карактеристичен за вашиот знак по опозицијата на Меркур. Тоа значи дека оваа планета во првата половина на месецот ќе ви создава бројни блокади на работен план. Ако имате намера да лансирате нов проект или да направите промена, почекајте до крајот на месецот, зашто до 20-ти тоа ќе го направите на лош или неуспешен начин. За среќа, тука е Венера која ќе мисли на вас – до 20-ти април таа ќе ви подари преубави емоции, а вашата врска ќе станува се посилна и постабилна.
Стрелец – Љубовни проблеми
Драги Стрелци, месецот април, барем до 20-ти, ќе биде во знакот на неповолната Венара. Планетата на љубовта ќе ве стави на тест, исто како што ќе биде на тест и вашата врска – дали вреди, дали сте еден за друг…Ќе ве мачат бројни сомнежи и вас и партнерот. Извлечете заклучок од оваа криза и размислете добро што навистина сакате. Размислете и дали вашиот партнер е вистинска личност за вас, а ако одговорот е негативен, смело ставете точка на приказната. Од 20-ти април ќе се врати вашето спокојство. Марс пак, е во опозиција во текот на целиот месец па внимавајте на настинки, замор и психички замор. Обидете се да почнете со спорт, да минувате повеќе време во релаксација или да заминете на кратко патување.
Јарец -Не губете ги шансите!
Месецот април за вас ќе започне „на големо“, но нема да заврши на најдобар начин. Затоа внимавајте на вашите чекори и не брзајте во одлуките. Се до 20-ти април ѕвездите ќе ви помагаат да ги надминете сите проблеми, и на сентиментален и на деловен план, но после овој датум се одеднаш ќе стане многу потешко. Можни се кавги во врската во последните 10 дена од месецот, внимавајте да не држите се во себе туку разговарајте со саканите лица. На работен план пак, ќе се појават некои убави прилики на почетокот на месецот, затоа не двоумете се премногу дали да прифатите или не, зашто после 20-ти шансите ќе бидат загубени.

Водолија – Почекајте го крајот на април

Драги Водолии, месецот април нема за вас да биде баш нежен, а во најголем дел од месецот работите нема да се случуваат онака како што вие посакувате. За жал, Меркур ќе биде во неповолна позиција и ќе ви создава бројни потешкотии на работното место и во комуникациите со блиските. Ако сте во очекување на некој важен одговор, не чекајте го до последната недела на април. Последната седмица во месецот пак, ќе биде полна со убави вести, не само на деловен туку и на љубовен план! Венера ќе биде поволна и ќе ви подари убави мигови со партнерот, додека поволниот Марс ќе ве награди со позитивна енергија и добро здравје.

Риби – Месец на љубовта

Драги Рипчиња, април за вашиот знак ќе биде месец на љубовта! Со доаѓањето на пролетта доаѓа еден преубав ветер во вашата врска, а многу парови ќе се одлучат на брак или проширување на семејството. Венера во конјукција со вашиот знак до 20-ти април ќе им подари на осамените Риби преубави средби, па многумина ќе си ја најдат својата сродна душа. И на работен план, април ќе ви донесе убави новости, особено во првата половина на месецот. Веројатно ќе запознаете некој кој значително ќе влијае на вашата идна кариера. Единствен недостаток ќе биде неповолната поставеност на Марс поради кој ќе се чувствувате уморни, а внимавајте и на настинки.

x

Check Also

Голема забава за 3тиот роденден на Скопје Мериот хотел

 Со голема прослава, бројни гости и креативен концепт што нудеше многу забава, ...