Хороскоп за декември: Топ знаци на месецот – Вага и Шкорпија

Во декември планетата Венера ќе престојува во знакот на Шкорпија – следува супер Нова година за сите водни знаци, но исто и за Јарците и Девиците! Кавги покрај елката за Биковите, Лавовите и Водолиите. Многу енергија за Рибите и Раковите. А вие, во кој знак сте родени? Прочитајте го хороскопот за декември.

Овен – новости на работен план

За вас ноември не беше лесен месец што се однесува до сентименталниот живот. Но декември, за среќа, ќе донесе мир и спокојство во многу врски. Паровите кои успеале да ги надминат ноемвриските кризи, сега ќе бидат посилни и постабилни од порано, додека осамените Овни ќе добијат желба да се стават себеси на прво место! Од професионална гледна точка, Меркур дарежливо ќе ви помогне да ги истуркате вашите проекти и ќе ви донесе нови можности за докажување. Особено во вториот дел од декември ќе имате интересни деловни контакти, а со тоа и многу ангажиран крај на 2018 година. Самиот праг на 2019 ви ветува многу среќа на работното место и ви носи убави вести.

Бик – Кавги со партнерот

Драги Бикчиња, за жал, месецот декември ќе биде карактеристичен по опозицијата на Венера, планетата на љубовта. Почнувајќи од 3ти декември, Венера ќе ви го заврти грбот и ќе ви создава тензии во врските. Посебно внимавајте за време на празниците и во претпразничниот период, кој ќе биде особено тежок – обидете се да го слушате партнерот па и да му исполниет по некоја желба за да ги избегнете кавгите! Внимавајте од кавги со партнерот пред блиските пријатели и роднините кои може да ви донесат непријатности.  Осамените Бикови пак, за жал, ќе мора да почекаат влез во новата година, за нешто од нешто да мрдне на љубовен план. И на работното место декември не е многу позитивен месец за Биковите. Меркур е во опозиција и ќе создава пречки, но тоа ќе трае до 13-ти, а потоа работите полека ќе се смируваат.
Близнаци – Одморете се!
Близнаците во декември ќе чувствуваат голема исцрпеност и замор, па многумина од нив ќе посакаат дочекот на Новата година да го поминат дома, во кревет. Марс е во неповолна позиција и ќе ви ја одзема енергијата, особено во втората половина од месецот. Чаре? Ако имате можности, најдобро решение би било да ги искористите неработните денови за релаксирачко патување со партнерот или со пријателите. Меркур пак, е во опозиција до 13ти декември што значи дека ќе ви создава нервози на работното место, обидете се оваа нервоза да не ја носите дома и да не ја префрлате на партнерот. Во втората половина од декември, следува стишување на работен план, но се уште нема работите да се одвиваат онака како што сакате. Дефинитивно одмор ви е добредојден!
Рак – Интересни новости
Декември ќе биде карактеристичен за вашиот знак со многу интересни настани. Конечно, спокојството ќе ви се врати во сентименталниот живот. Додека ноември беше малку тензичен помеѓу вас и партнерот, сега, благодарение на Венера лесно ќе најдете дијалог и разбирање, а осамените Ракчиња ќе имаат можност да започнат нова љубовна приказна. Многу интересни средби и на љубовен и на работен план, а од оние на работен план – некои ќе бидат дури и судбински, предодредени да донесат многу среќа во иднина. Се до 13ти декември деновите ќе ви бидат преполни со интересни случувања, затоа искористете ја секоја можност за лично напредување на сите полиња! Втората половина на месецот ќе биде подеднакво возбудлива, но помалку интензивна од првата, додека Новата година ќе ја пречекате во прекрасно расположение и со голема самодоврба ќе зачекорите во 2019. И Марс е на ваша страна и ви носи огромна енергија, па никој во ништо нема да може да ве сопре!
Лав – Тензичен месец
 
За жал, за Лавчињата декември не е многу позитивен месец, туку ќе биде во знакот на кавги и недоразбирања особено на сентиментален план. Почнувајќи од 3ти декември, Венера ќе заземе негативна позиција за вашиот знак ставајќи ја сериозно под знак прашање вашата актуелна врска. Обидете се да не реагирате избрзано и импулсивно и искористете многу време на размислувања и анализирање. Направете го тоа смирено, трезвено, смирете ја ситуацијата колку што можете. На работен план, најдобар период за вас ќе биде втората половина на декември, кога конечно ќе си ги видите плодовите од работата. Доколку е можно, гледајте да ги избегнете состаноците со претпоставените и дискусиите со колегите од 2ри до 13ти декември, кога Меркур ќе биде многу неповолен и ќе ви создава непријатности. Каде за Нова година? Најдобро на планина или во кревет.
Девица – Исцрпувачки месец
За Девиците декември ќе го означи опозицијата на планетата на енергијата, Марс, па затоа ќе им недостига сила и енергија. Тоа ќе трае толку долго и ќе биде толку исцрпувачки, што на новогодишната ноќ многумина од вас ќе бидат без волја или ќе заспијат „пред време“. Од 13-ти декември и Меркур е во неповолна позиција за вашиот знак што ќе ви создава дополнителни проблеми, особено видливи на работното место. Возможни се дури и импулсивни кавги со колегите и претпоставените. За среќа, може да сметате на поддршката на Венера, планетата на љубовта, која ќе ви ја враќа (барем привремено) енергијата преку топли прегратки од партнерот. Осамените Девици пак, треба да ги држат очите отворени за да не пропуштат интересни личности подготвени да им подарат љубов.
Вага – Кралеви на прославите
Месецот декември за вас ќе биде во знакот на задоволствата. Ќе почне со спокојство во врските, со разбирање со партнерот, а потоа се пожестоко во позитивна насока ќе се развива. Ќе бидете магнет за спротивниот пол, вашата енергија ќе биде заразна, а вашето расположение ќе привлекува големи друштва. Оние кои се во врска, ќе уживаат во взаемна љубов, додека осамените нема повеќе да бидат сами! И Меркур ќе застане на ваша страна и ќе ве наградува со чиста мисла, зборливост, а на работното место ќе ви отвора бројни можности за професионално напредување. Суперинтересен ден ќе биде 13-ти декември! И по него, сите останати ќе бидат полни со незаборавни моменти!
Шкорпија – Специјален месец!
Драги Шкорпии, подготвени сте за еден „луд“ месец кој ќе биде за вас навистина многу посебен? Веќе од 3ти декември планетата Венера ќе влезе во вашиот знак и ќе ви донесе премногу љубов, страст и силни емоции. Ве очекува крај на годината кој ќе биде фантастичен! Осамени сте? Не грижете се – Новата година нема да ја поминете сигурно сами, туку во прегратка со ново лице во кое ќе се вљубите до уши, а можности за интересни љубовни средби се отвараат уште до 13ти декември. И на работен план на повидок се награди, за нокои од вас и унапредувања, во секој случај финансиската ситуација ќе ви стане постабилна. Најсреќен период за деловни разговори е од 2ри декември до 13ти декември, кога Меркур ќе биде во конјукција со вашиот знак и ќе ве фаворизира. На сите овие поволности, може да сметате и на поддршката од Марс кој ќе ви дава силна енергија и одлично расположение.
Стрелец – Забавата продолжува!
Драги Стрелци, за вас месецот декември ќе биде месец на големи изненадувања. Знаеме дека ги обожавате луѓето кои се преземливи, кои иницираат и кои знаат да фантазираат, всушност кои се авантуристи како вас, а во вториот дел од декември ќе бидете опкружени токму со такви луѓе. Веќе почнувајќи од 13ти декември, животот ќе ви стане полн со авантури и бројни изненадувања, а тоа ќе се должи на вашето фантастично расположение и богат социјален живот. Голема среќа ќе имате и на работен план – би требало да запознаете нови лица кои ќе ви отворат нови, убави можности. Единствен недостаток во целата оваа среќа ќе биде само вашиот физички замор кој се должи на лошата поставеност на Марс. Внимавајте да не претерате со сите овие долги забави!
Јарец – Мирно љубовно море
 
Јарците конечно ќе можат да се релаксираат особено на љубовен план во текот на целиот месец декември. Со декември се менува музиката! Венера се враќа за да ви се насмевне и сите поранешни љубовни проблеми наеднаш, како со волшебно стапче, ќе станат минато. Некои од Јарците ќе се вратат (успешно) на своите минати љубови, а други пак, ќе уживаат во сегашните врски кои ќе стануваат – од ден на ден – се постабилни. Осамените Јарци пак, конечно ќе можат да сретнат интересно лице кое ќе ги разгали! Каде за Нова година? Со ваква поддршка на планетите на љубовно поле, најдобро е да орагнизирате романтична вечера. На работен план пак, декември ќе ви донесе преубав период полн со среќни околности, особено меѓу 2ри и 13ти декември. Не пропуштајте ниедна шанса!
Водолија – Љубовни проблеми
За жал, за Водолиите месецот декември нема да биде пријатен кога се во прашање чувствата…Почнувајќи од 3ти декември, Венера станува неповолна за вашиот знак. Би можеле да ја дочекате Новата година во мирна атмосфера со партнерот гледајќи филм, или пак, дури и сами. За среќа, тука се пријателите за да ви го поткренат моралот и да ви ја вратат самодовербата кои ќе ви даваат поддршка во текот на целиот месец. Во втората половина на месецот, ѕвездите ви сугерираат да не се осамувате туку да вложите во социјалниот живот. На работен план пак, ситуацијата исто така не е најсјајна, особено во периодот меѓу 2ри и 13ти декември кога се можни недоразбирања и бројни конфликтни ситуации. Но не грижете се – веќе од 14-ти декември, работите се подобруваат.
Риби – Каква страст!
Новогодишниот период за вас, драги Рипчиња, може да се дефинира само со еден збор – страст! Венера ќе биде главниот протагонист на месецот декември, подготвена да ви подари најмногу што може љубов. Осамените Риби треба да ги држат очите отворени, зашто фаворизирани се средбите, особено во првиот дел од месецот. До 13-ти декември, би требало да пристигнат и преубави вести на работно поле, а од овој датум натаму, треба да тргнат сите работи на подобро и конечно да почувствувате сатисфакција од тоа што до сега сте го работеле. И планетата Марс ќе застане на ваша страна и ќе ви донесе голема енергија, одлично расположение и супер здравје. Никој нема да може да ве сопре!

x

Check Also

Инстант лозот ПАРКиРАЈ ХИБРИД додели уште една Toyota Auris Hibrid

Скопје 07.12.2018 година, Државна лотарија на Македонија денес додели уште еден автомобил ...