ХОРОСКОП ЗА ФЕВРУАРИ 2020, месец на љубов за Овенот, Лавот и Близнаците

Месецот февруари ветува дека ќе биде навистина жежок за сите огнени знаци! Преминувањето на Венера во знак на Овен дава огромни страсти … А вие во кој знак сте родени? Откријте со нас што ѕвездите ви резервираа за месец февруари!

Овен: еден месец на љубов!
Драги Овни, месецот февруари ви носи влез на планетата Венера во вашиот знак. Одлични вести од гледна точка на чувствата! Љубовта ќе биде фаворизирана почнувајќи од 8-ми : оние кои неодамна доживеале момент на криза со партнерот, ќе можат да ги повратат спокојството и довербата во нивната врска. Сепак, за осамените, месецов ќе биде исклучително добар. На работа може да има одредено забавување заради неповолната позиција на Јупитер и Сатурн: подобро да не ризикувате премногу. Се очекува малку повеќе умор во втората половина на месецот.

Бик: станува подобро!
Добра вест доаѓа за вашиот знак, а вие – како што годината напредува – станувате се посилни и посилни! Почнувајќи од 4ти, планетата Меркур, која беше неповолна за вас во текот на јануари, ќе се врати на ваша страна: проблемите со комуникацијата, домот и во канцеларија, конечно можат да се решат. Ако на работа сте морале да издржите блокирачка ситуација или одредено одбивање, согласностите и задоволствата сега ќе дојдат.Понатаму, почнувајќи од 17ти, Марс ќе се врати да ве фаворизира, давајќи ви многу енергија и желба да направите нешто големо. Венера пак, ги фаворизира чувствата особено во првиот дел од месецот.

Близнаци: закрепнување во љубовта!
Февруари конечно носи одредена ведрина во вашиот љубовен живот. Почнувајќи од 8-ми, планетата Венера ќе се врати да се насмевне откако ве тестираше во јануари. Солидните врски кои успеале да преживеат бурен почеток на годината, не само што ќе успеат да го повратат разбирањето и соучесништвото, туку ќе бидат посилни од порано. Се разбира, уморот – воопшто – ќе продолжи да се чувствува, барем до средината на месецот: Марс во опозиција до 17-ти одзема енергија и може да создаде – заедно со неповолниот Меркур – одредено забавување на работата.

Рак: вжештени дискусии …
Месец февруари – за жал – најверојатно ќе ви донесе уште поголема тензија во контекст на чувствата. Почнувајќи од 8-ми, планетата Венера ќе престане да дејствува во ваша корист и ќе ви го сврти грбот. Со партнерот, би можеле да се појават жестоки дискусии, особено во вториот дел од месецот, кога ќе мора да ја издржите планетата Марс во опозиција. Размислете за малку повеќе одмор, и психички и физички. За среќа, почнувајќи од 4ти, можете да сметате на планетата Меркур од ваша страна: вашите односи со другите ќе бидат фаворизирани, а добра вест исто така може да пристигне на работа.

Лав: месец на закрепнување!
Подгответе се – конечно – да дишете слободно: почнувајќи од 4ти, планетата Меркур нема да биде во опозиција со вашиот знак! Ако месецот јануари беше прилично тежок, особено на работното место, сега можете да го пронајдете вистинскиот баланс и многу од ситуациите што биле вознемирувачки, ќе видите како правилно се решаваат.  Почнувајќи од 8-ми, можете да сметате на убавата поволна Венера, подготвена да гарантира цврстина и сила на вашата љубовна врска. И, ако сè уште сте „сингл“, треба да ги држите очите отворени!

Девица: добра и лоша вест …
Драги Девици, овој месец ќе ви донесе добра и лоша вест. Да почнеме со лошата?  Од 4ти, за жал, планетата Меркур ќе се спротивстави на вашиот знак. Вашите односи со газдите и колегите ризикуваат да станат особено напнати и можеби нема да имате прилика да ви го чујат гласот и да ви ја видат работата, а ќе не можете ни да се пожалите, па ќе се чувствувате слаби, потценети и неразбрани. Но, да преминеме на добрата вест: почнувајќи од 8-ми,повеќе нема да ја имате планетата Венера во опозиција! Љубовта, во февруари, конечно ќе ви ја врати насмевката и ќе ви донесе убави емоции.

Вага: неколку проблеми 
Драги Ваги, месец февруари ветува дека ќе биде прилично напнат што се однесува до чувствата: почнувајќи од 8-ми, за жал, ќе мора да се справите со влегувањето на Венера во опозицијата. Планетата на љубовта ќе ви донесе тешко време во вашата врска, предизвикувајќи нервоза и чувство на нетрпеливост. Втората половина од месецот ќе се карактеризира и со неповолната позиција на Марс, која ризикува да се зголеми агресијата и чувството на малаксаност … Бидете внимателни да не постапувате премногу импулсивно и секогаш барајте дијалог пред да донесете избрзани одлуки.

Шкорпија: позитивен месец!
Месец февруари ќе биде дефинитивно позитивен за вашиот знак! Почнувајќи од 4ти, планетата Меркур веќе нема да биде во неповолна позиција и повторно ќе се насмевне, и ќе ви донесе многу новости: ако во работното опкружување, во јануари, доживеавте некоја блокада или момент на напнатост, сега конечно ќе најдете нова можност да се чувствувате ценети како што заслужувате. Во втората половина од месецот, особено, ќе се чувствувате навистина силно и непобедливо благодарение на планетата Марс, која ќе ви даде дополнителна „опрема“ за да ве натера да се истакнете во секоја област од животот.

Стрелец: Марс ви дава сила за победа
Драги Стрелци, месецот јануари не беше лесен за вашиот знак од гледна точка на чувствата: моравте да се справите со неповолна Венера што создаде тензија во вашиот живот. Почнувајќи од 8-ми , конечно, планетата на љубовта ќе се врати на ваша страна и помирувањето, дијалогот и страста ќе бидат фаворизирани. Како и да е, забавување може да се појави на работното место: почнувајќи од 4ти, Меркур ќе заземе неповолна позиција, што секако нема да им помогне на вашите односи на работа. За среќа, можете да сметате на прекрасниот Марс, во знакот до 17-ти, подготвен да ви ја даде силата што ви е потребна за да ја добиете секоја битка.

Јарец: тензии во љубовта …
Драги Јарци, доколку месецов јануари беше навистина среќен за вашиот знак од гледна точка на чувствата, може да се појават тензии во февруари: почнувајќи од 8-ми, планетата Венера ќе ви го сврти грбот. Може да се појават недоразбирања помеѓу вас и вашиот партнер: обидете се да не бидете подготевни за конфронтација! Од друга страна, на работа ќе имате супер-среќа, со убав поволен Меркур, кој – заедно со Јупитер и Сатурн во знакот – ги олеснуваат односите со јавноста и постигнувањето на цели. Марс, во знакот од 17ти, ќе ве направи навистина непобедливи!

Водолија: февруари полн со авантури!
Во јануари успеавте да ја искористите поволноста од  планетата Меркур, која ви донесе добри можности и нови предизвици.  Овој февруари нема да биде толку раскошен, но ќе ви ја даде мир и решителност кои треба да ги искористите максимално за да жнеете од она што сте го посеале претходниот месец. Ова ќе биде период на нови почетоци, експерименти, авантури … и може да сметате на навистина посебна личност до вас ! Почнувајќи од 8-ми, всушност, Венера ќе ги охрабри чувствата и ќе ви биде многу тешко да се најдете сами на вашиот нов пат, па ќе си барате придружник…

Риби: новости наскоро!
Месецот февруари започнува со раскошна Венера во знакот, која ќе остане таму до 8ми. После јануари полн со чувства, февруари ветува дека ќе биде помирен. Малку по малку ја враќате вашата самодоверба и силата што ви е потребна за да започнете вистинска позитивна револуција во животот! Почнувајќи од 4ти, планетата Меркур ќе влезе во вашиот знак: ќе има добри вести, неочекувани можности и добри резултати на работното место. Здравјето и енергијата се подобруваат во втората половина на месецот.

x

Check Also

Чиста рерна е тајната на вкусните и квалитетни оброци, а рерната која се чисти сама е сон на секој готвач

 Најновата Samsung NV7000N двојна рерна е кујнски моден додаток кој секој би посакал ...