Хороскоп за февруари: Топ знаци на месецот – Јарец, Стрелец и Близнаци

Во февруари, планетата Венера ќе престојува во знакот Јарец: за сите земјени знаци се предвидува голема среќа на полето на љубовта! Љубовни макички пак, ќе имаат кутрите Ракчиња, Вагичките и родените во знакот на Овен. А вие, во кој знак сте родени? Прочитајте што ви подготвија ѕвездите за февруари 2019.

Овен – Во борба со партнерот

Месецот февруари ќе ви донесе воинствен дух, ќе бидете подготвени веднаш да влегувате во кавги за да добиете тоа што сакате. Енергија и волја нема да ви недостигаат, особено во првиот дел од месецот, кога Марс ќе биде во вашиот знак и ќе ви носи позитивна енергија. За жал, тој борбен дух ќе се префрли на емотивното поле, па поддржан од неповолната Венера, почнувајќи од 3ти февруари, ќе почнат да се случуваат големи кавги со оние кои ги сакате. Не губете го трпението и контролирајте се, за да не се каете подоцна…На работен план пак, ова е поволен период во кој ќе преземате иницијативи и ќе започнете нови проекти, а особено успешен е периодот од 7ми до 25ти февруари.

Бик – Позитивен месец

Месецот февруари за вас ќе биде еден многу позитивен месец. Веќе од 3ти, Венера ќе застане на ваша страна носејќи ви голема среќа на љубовен план. Ако сте веќе во брак или во врска, ќе уживате убави мигови со партнерот, а доколку сте сами – би требало да имате важни средби, најверојатно во првиот дел од месецот. Од 14ти, Марс ќе влезе во конјукција, носејќи ви огромна сила во вториот дел од месецот, и целата таа енергија позитивно ќе ја искористите на работно поле. Стресен период на работа е од 7ми до 20ти.
Близнаци – Убави вести
Драги Близнаци, конечно февруари ќе ви донесе убави вести. Последниот период за вас беше тежок, особено на љубовен план. Но почнувајќи од 3ти февруари, планетата на љубовта Венера нема веќе да биде во опозиција – тоа значи дека ќе успеете да си го најдете спокојството и емотивната стабилност, без разлика дали сте во пар или сте сами. Некои од вас, всушност, ќе сакаат сосема да се посветат на себе. Огромна среќа ќе имате на деловен план, особено во средината на месецот кога треба да пристигнат убави потврдувања или ќе оставрите значајни контакти кои ќе ви ги отворат вратите кон успешна деловна иднина.
Рак – Кризен период…
Драги Ракчиња, за жал, февруари нема да биде лесен месец за вас. Почнувајќи од 3ти, планетата Венера ќе ви го заврти грбот и здружена со планетата Сатурн ќе ви создадат пречки, потешкотии, криза од која ќе мора нешто да научите за себе. Но, оваа криза ќе мора да ја искористите на позитивен начин – низ болка да научите што навистина вие сакате во љубовта, па потоа да продолжите уште посилни и посигурни. Во секој случај, февруари ви носи и убави денови – почнувајќи од 7ми, Меркур веќе нема да биде во опозиција, па барем на работното место работите конечно ќе се откочат и ќе тргнат во вистинска насока. Сконцентрирајте се овој месец на работа!
Лав – Каков стрес!
Ова ќе биде прилично стресен месец за вас. Секако, нема да недостигаат предизвици, особено на работен план. Но, ќе ви треба и куп енергија за да ги остварите проектите, а за жал, во вториот дел на месецот вие веќе ќе се чувствувате преморени и без енергија, поради неповолната положба на Марс. Меркур ќе биде во опозиција од 7ми дури до 25ти февруари создавајќи ви пречки и блокади на секое поле. Обидете се целата оваа нервоза од блокадите да не ја префрлите дома, особено не на партнерот кој од вас ќе бара внимание. Осамените, за жал, ќе мора да се стрпат уште овој месец, зашто вратите им се затворени. Трпение, спасение.
Девица -Венера е на ваша страна!
Драги Девици, конечно е пред вас месец кој ќе ви донесе многу љубов, благодарение на поволната Венера! Во последниот период, токму оваа планета на љубовта ве ставаше на тестови и маки, но сега, кога издражавте, се враќа да ве награди! Оние кои се во врска ќе си го вратат спокојството и ќе уживаат во миговите со партнерот, додека осамените Девици ги чека интересна личност за која вреди малку да се потрудите и освоите! Вториот дел од месецот ќе биде карактеристичен по една огромна енергија – Марс е во поволна позиција и ќе ви носи сила и ќе ви помогне да го освоите лесно секој предизвик! Од 25ти февруари, Меркур влегува во опозиција, па можни се некои блокирања на деловен план или кавга со некој претпоставен.
Вага – Почекајте до втората половина од месецот…
Првиот дел од февруари нема да биде баш лесен за вас, мора да се соочите со Марс во опозиција кој ќе ви создава замор и незадоволство, во секој случај ќе немате енергија или ќе бидете разочарани за да можете да ги истуркате проектите и идеите на секое поле, и на деловно и на љубовно. И Венера е неповолна, како капак врз се, почнувајќи уште од 3ти февруари ќе ви создава недоразбирања со партнерот и семејството кои постојано ќе ве обвинуваат…Ќе биде навистина тешко да останете смирени! Сепак, стрпете се до втората половина од месецот – кога Марс веќе нема да биде неповолен, па ќе успеете да си ја вратите силата. И на работен план е многу подобра втората половина – Меркур ви доаѓа на помош и до крајот на месецот ќе ви донесе убав деловен предлог.
Шкорпија – Да живее љубовта! 
Месецот февруари за вас ќе биде карактеристичен по силните емоции – Венера во поволна позиција почнувајќи од 3ти, ќе ви донесе голема среќа во љубовта! Ако сте осамени, фаворизирани се средбите, особено во првиот дел од месецот. Ако сте пак, во пар, ќе си ја зајакнете врската, и секако, нема да недостигаат многу страсти. Почнувајќи од 14ти февруари, за жал, планетата Марс ќе влезе во опозиција па одеднаш ќе почувствувате замор и недостаток на енергија, односно ќе се чувствувате психо-физички слаби. Внимавајте на периодот од 7ми до 25ти, кога може да се случи непредвидена работа на работното место.
Стрелец – Големи прилики на повидок!

Драги Стрелци, продолжува прекрасниот период за вас, кој започна уште со првиот ден од новата година! Додека љубовта беше главен протагонист во јануари, во февруари главно место ќе има работата – ве чекаат многу убави новости и признанија, особено во периодот од 7ми до 25ти. Меркур ќе биде на ваша страна и цел месец ќе ви отвора нови врати за соработка, од кои ќе имате огромна полза. Не е исклучено повеќе Стрелци да добијат унапредување или да го сменат работното место за подобро! И Марс ќе биде на ваша страна па нема да ви недостига енергија. На полето на чувствата – следува период на потврди во кој вашите врски ќе стануваат уште постабилни.

Јарец – Триумф на љубовта!

Ова ќе биде месец за паметење за вас, што се однесува до емоциите и до љубовта! Почнувајќи од 3ти, Венера ќе биде во конјукција – ви носи мигови преполни со страст, додека оние кои се во врска ќе ги зајакнат односите со партнерот. Некои Јарци дури и ќе се одлучат на брак или проширување на семејството! Со оглед на тоа што целиот месец ќе биде во знакот на љубовните предизвици, искористете го за романтика, за уживање, за делење на емоции. Но, не заборавајте и на работата – зашто и на тоа поле ве чекаат пријатни изненадувања и големи вести, почнувајќи од 7ми па се до 25ти, кога Меркур ќе ве фаворизира.

Водолија – Добредојде Меркур!

Драги Водолии, ако во последниот период се соочивте со кризни мигови, или со проблеми на работното место, конечно може да воздивнете – февруари ќе ви ги даде сите одговори кои до сега ги баравте! Почнувајќи од 7ми, може да го поздравите влегувањето на Меркур во вашиот знак, кои ќе ви донесе прилики кои не смее да ги пропуштите и некое признание или пофалба која долго ја чекавте. Можни се унапредувања на работен план или зголемување на примањата! Во вториот дел од месецот ќе ви недостига енергија, поради неповолната положба на Марс. На полето на чувствата, почетокот на февруари ќе ви донесе мигови на страст, додека на осамените Водолии нема да недостигаат интересни средби…

Риби – Враќање на спокојството

Конечно, овој месец ќе ви донесе спокојство, по немирот кој го чувствувавте во изминатиот период, особено на сентиментално поле! Венера се враќа да ви се насмее и прегрне, па така, ќе ви се врати радоста во љубовниот живот, ќе уживате во мирни и романтични мигови со партнерот, а осамените Риби конечно ќе имаат можност да најдат сродна душа. И на работен план нема да недостигаат убави изненадувања – планетата Меркур влегува во вашиот знак, носејќи ви важни новости и важни прилики кои не смее да ги пропуштите! Вториот дел од месецот ветува и одлична физичка форма и враќање на полната енергија!

x

Check Also

Новиот Huawei P30 lite е врвен спој на нови трендови и убава естетика

Мода е збор кој најчесто е изговорен од страна на млади луѓе. ...