Хороскоп за јануари: Топ знаци на месецот – Стрелец, Водолија и Лав

Во јануари љубовта ќе им се насмее на сите огнени знаци! Кавги и тензии ги очекуваат Близнаците и Девиците. Голема сила и енергија ќе имаат родените во знакот на Овен и Стрелец, додека Вагите и Јарците може да се чувствуваат под стрес…Новости на работното место ги очекуваат земјените знаци! А вие, во кој знак сте родени? Прочитајте го хороскопот за месец јануари 2019.

Овен – Воинствена сила

Јануари за вас ќе биде месец полн со енергија, месец во кој ве очекуваат бројни предизвици по кои ќе тргнете со голема сила, а назад нема да се вртите. Марс цело време ќе престојува во вашиот знак осигурувајќи ви сила на воин. Нема да недостигаат ни битки, особено на деловен план. Во вториот дел од месецот, ќе го почувствувате негативното влијание на Меркур кој ќе ви создава бројни пречки на сите полиња. Но затоа пак, љубовта ќе ви цвета! Венера ќе ги заштитува тукушто родените врски, а ќе ги зајакне старите врски.

Бик- Враќање на спокојството

Месецот декември беше тежок за вас од гледна точка на сентименталниот живот. Венера која беше во опозиција ги стави во криза дури и најстабилните врски. Но конечно, во јануари, планетата на љубовта ќе ви се врати да ви се насмее, па така ќе успеете да си го вратите спокојството. За оние кои се осамени – наскоро се отвора врата за нова љубовна приказна, и тоа многу важна! На работен план, пристигнуваат повеќе убави вести во втората половина на месецот, кога Меркур ќе ви помогне да остварите важни средби и ќе ве стави пред нови значајни предизвици.

Близнаци – Љубовни маки…

Драги Близнаци, ако месецот декември беше прилично тежок месец на професионален план, месецот јануари ќе биде исто така тежок но на сентиментално поле. Почнувајќи од 7ми јануари, планетата на љубовта Венера ќе биде во опозиција, носејќи остар ветар во љубовните реалции. Ако имате нешто да расчистите со партнерот, подобро е да го направите тоа најдоцна до 7ми! За среќа, на работен план ќе успеете да си го вратите спокојството, особено во втората половина на месецот. Планетата Марс пак, ќе биде поволна, што значи дека ќе имате енергија за да се соочите со проблемите и полесно да ги решите, а и здравјето ќе ви биде одлично!

Рак – Стресен почеток

Драги Ракчиња, првиот дел на месецот јануари нема да биде многу пријатен за вас, туку прилично стресен. Планетата Марс ќе биде во негативна позиција, а тоа ќе направи да се чувтвувате уморни и без енергија. На работното место ќе се појави значаен проблем во вториот дел од месецот со кој ќе морате да се соочите. Сепак, тоа ќе ве направи видно нервозни. Обидете се да останете мирни колку што можете, зашто станува збор за минлива опозиција на Меркур, особено негативна од 12-ти јануари. Сметајте дека партнерот е секогаш тука за вас па затоа посветете му повеќе љубов и внимание.

Лав – Супериорни на деловен план

Месецот декември не беше многу добар за вас на емотивен план – негативната поставеност на Венера ви предизвика проблеми во врската. Но почнувајќи од 7ми јануари, конечно, Венера ќе ви се насмее и ќе застане на ваша страна – очекувајте враќање на спокојството со партнерот и размена на убави емоции. Марс е исто така поволен, па ќе ви подари многу енергија и добро расположение. Искористете го вашиот лавовски карактер да се изборите со сите битки на деловен план – зашто секако ќе бидете супериорни!

Девица – Проблеми во врската

Додека новогодишните и божиќните празници ќе ви поминат со многу љубов и одлично расположение, за жал после 10ти, планетата на љубовта Венера ќе заземе негативна позиција за вашиот знак, создавајќи ви проблеми во врската. Младите врски може да бидат и ставени на ризик дали ќе „преживеат“. За среќа, Меркур ќе биде на ваша страна и ќе ви донесе многу задоволства на работното поле. Во втората половина на месецот ќе слушнете преубави вести а можна е и промоција на работното место! Внивавајте само да не се преокупирате премногу со работата, па да страда и онака кршливата врска во овој период.

Вага – Марс во опозиција

Целиот месец јануари, за жал, ќе бидете под влијание на планетата Марс која е во опозиција. Тоа ќе направи да се чувствувате многу уморни и без енергија, но и без волја да ги истуркате работите на деловен план. За среќа, поволна ќе биде пак, планетата Венера – почнувајќи од 7ми може да сметате на одлична среќа на сентиментален план. Покрај вас ќе биде вашиот партнер секогаш подготвен да ве поддржи, додека осамените Ваги може да запознаат интересно лице. На работното место во текот на целиот месец ќе се соочувате со блокади кои ќе станат нагласени кон самиот крај на јануари.

Шкорпија – Само напред!

Декември за вас беше месец полн со емоции и страст, а и јануари ќе почне со истото љубовно темпо. Но од 7ми јануари Венера нема веќе да биде во конјукција со вашиот знак, па затоа доколку треба да направите разговор со саканото лице, направете го тоа пред оваа дата! На работно поле пак, втората половина на месецто може да сметате на плодовите од вложениот труд. Ако имате во план нов проект, ова ќе биде вистинскиот момент да го почнете. Само напред!

Стрелец – Посебен месец!

Драги Стрелци, месецот јануари ќе биде навистина еден посебен месец за вас! Почнувајќи од 7ми, планетата Венера ќе застане на ваша страна, подготвена да ви подари огромна љубов. Осамените Стрелци ќе имаат можност да запознаат важна личност, додека старите врски ќе уживаат во романтични мигови. Големи мигови исто така ве чекаат на деловен план, особено во првиот дел од месецот. Меркур во конјукција со вашиот знак ќе ви донесе резултати кои долго сте ги очекувале, додека поволниот Марс ќе ве награди со супер расположение и многу енергија за лесно да ја надминете секоја деловна битка.

Јарец – Да живее Меркур!

Драги Јарци, јануари за вас ќе биде месец полн со обврски, малку тежок, но во секој случај победнички! Ќе вложувате многу на деловен план, но на крајот резултатите ќе бидат видливи. од 12-ти јануари планетата Меркур ќе биде во конјукција со вашиот знак носејќи ви бројни можности, особено на деловен план. Искористете што повеќе од нив! Не е исклучено да добиете нова деловна понуда или пак да бидете унапредени. Љубовта пак ќе биде во втор план, но стабилните врски нема за што да се грижат!

Водолија – Загарантиран успех!

Во последниот период ѕвездите не беа поволни за вашиот знак, особено на деловно поле. Но јануари е месец кој ќе започне на најдобар можен начин, а ќе се развива се подобро! Во втората половина на месецот ќе ја имате и поддршката од Меркур кој ќе ви отвора големи врати и од вас ќе прави победник во секоја деловна ситуација. Многу Риби ќе се соочат со нови можности и ќе одбираат, само храбро и само напред! Љубовта ќе ви оди од рака во првата половина на месецот, но во вториот дел на јануари внимавајте да не влегувате во кавги со партнерот!

Риби – Меркур е со вас!

Во последниот период ѕвездите не ви беа наклонети, особено на работен план каде се соочувавте со куп проблеми. Јануари нема да започне на најдобар можен начин, но ќе станува се подобар – во вториот дел од јануари, Меркур доаѓа на помош и ќе биде ваш заштитник! Затоа лесно ќе ги решавате сите проблеми на работен план, но и ќе ви се отворат многу нови можности. Искористете се што ќе ви дојде при рака! Љубовта ќе ви биде наклонета во првата половина на јануари, благодарение на убавиот аспект на Венера. Внимавајте само на 7ми јануари да не дојде до недоразбирање со партнерот.

x

Check Also

Бели мокасини, тренд за лето 2019, ги најдовме во GEOX

Мокасините се суперудобни обувки во кои може да „протрчаме“ низ целиот ден, ...