Хороскоп за јули 2020 година: Сатурн се враќа во Јарец, добри вести за сите земјени знаци!

Во јули планетата Сатурн ќе го напушти знакот на Водолија за да се врати, ретроградно, во знакот на Јарецот. Добра вест ги чека земјените знаци. А вие, во кој знак сте родени? И на кој знак сте? Откријте сега со нас што ви резервираа ѕвездите замесец јули!

Овен: многу енергија!
Месецот јули ќе се карактеризира за вашиот знак со два важни транзита: првиот – враќањето на планетата Сатурн во знакот на Јарец, што би можело да ви донесе во втората половина од годинава уште некои потешкотии, особено на деловен план; вториот – влезот на Марс во знакот. Оваа планета ќе остане во вашиот знак во текот на 2020 година, и ќе ви даде навистина неспоредлива сила и енергија, благодарение на што ќе можете да ги надминете пречките што ќе ги постави Сатурн на вашиот пат! Среќата во љубовта е загарантирана со прекрасната Венера која е на ваша страна!

Бик: одлични резултати!
Конечно, месецот јули носи малку спокојство за вашиот знак, зашто во последниот период бевте под голем притисок на Сатурн во неповолна позиција. Враќањето на Сатурн во Јарец ќе ви донесе одлични резултати почнувајќи од овој месец: дојде време да ги искористите плодовите на вашата напорна работа! Поволната планета Меркур во текот на јули ќе ви гарантира интересни прилики и средби. Ако чекате одговор, ќе дојде наскоро. Дури и љубовта ќе биде фаворизирана од sвездите, иако ризикувате – со толку многу заложби – ќе успеете да ја постигнете целта!

Близнаци: не се повлекувајте!
Драги Близнаци, планетата Венера нема намера да ве напушти! Влезе во вашиот знак на почетокот на април, а ќе остане до август, носејќи ви во јули многу страст, емоции и големи чувства. Некои од вас веќе донеле важни одлуки во врска со животот со партнерот, за други, сепак, наскоро ќе дојде вистинското време за да се направи чекор напред. Осмаените ќе имаат можности за средби, со намера да се претворат во трајни приказни, ако тоа го сакаат…Накратко, не се повлекувајте, месецот јули ве поканува да сакате и да бидете сакани!

Рак: сметајте на Меркур!
За жал, планетата Сатурн се враќа во Јарец, а со тоа ќе биде во опозција на вашиот знак: ако во последните неколку недели сте успеале да земете воздишка и да почувствувате олеснување, во наредните месеци ќе се чувствувате „тешки“. Сатурн неминовно ќе ве натера да се соочите со себе. Тоа сигурно нема да биде лесно, но резултатот ќе го револуционизира вашиот живот: до крајот на годината ќе донесете  значајни заклучоци, со нова свест за себе. Во меѓувреме, може да сметате на прекрасниот Меркур во знакот, кој ги потенцира вашите вештини, интелигенцијата и комуникациите.

Лав: смиреноста се враќа!

Месецот јули конечно ќе ви  го врати мирот! Сатурн повеќе нема да биде во опозиција со вашиот знак, а тоа ќе ви овозможи убаво закрепнување и враќање на енергијата. Ќе можете да надминете многу од пречките што ги најдовте на вашата патека во последниот период и, малку по малку, ќе можете да поправите сè, исто така, благодарение на прекрасен поволен Марс, подготвен да ви ја даде целата енергија што ви е потребна за да го направите тоа. Јули ќе биде супер среќен месец и за љубов.

Девица: љубовни маки
Месецот јули за жал ќе продолжи да ви носи тешки мигови на љубовен план. Планетата Венера, всушност, ќе остане во неповолна позиција за вашиот знак, истакнувајќи ги тензиите во вашиот живот. Сепак, од професионална гледна точка, јули ќе биде во знакот на еден голем, позитивен пресврт: Сатурн ќе се врати на ваша страна, а можете да сметате и на поддршката од Јупитер и Меркур. Во втората половина од годината, ќе пристигнат добрите резултати: во меѓувреме, ќе направите важни чекори напред.

Вага: тежок месец
Драги Ваги, месецот јули за жал ќе биде малку тежок за вашиот знак, ќе мора да се соочите со неколку планети во неповолна позиција, особено оние што најмногу влијаат на сферата на работата. Сатурн се враќа во Јарец, создавајќи некое забавување или дополнителна блокада на вашите проекти. Неповолните Јупитер и Меркур го отежнуваат изнаоѓањето на вистински можности и контакти што ви се потребни за да ги постигнете своите цели. За среќа, овој месец ќе биде супер позитивен во однос на чувствата: можете да сметате на убавата Венера, подготвена да ви ја даде целата љубов што ја барате!

Шкорпија: среќен месец!
Месец јули ќе биде дефинитивно поволен за вашиот знак! Конечно планетата Сатурн ќе се врати да ве фаворизира, ослободувајќи ве од притисокот што моравте да го издржите во последниот период. Добра вест доаѓа на полето на работа, каде може да сметате на голема поддршка од Јупитер и Меркур, подготвени да ви ги донесат можностите што ги чекавте. На планот на чувствата, би можеле да доживеете моменти на рамнодушност и смиреност, сепак, не грижете се, месецот август ќе се погрижи да ги разубави топлите прегратки!

Стрелец: тешкотии на љубовен план
Драги Стрелци, за жал планетата Венера ќе остане во опозиција на вашиот знак и овој месец. Нејзиниот долг транзит во Близнаци ќе заврши со доаѓањето на август, кога конечно ќе можете да дишете и да почувствувате олеснување. Засега, мора да одолеете на искушенијата да влезете во кавга: секогаш барајте дијалог со партнерот, соочете се со сите проблеми без да бегате од нив. Ако е вистинска љубов, ќе можете да најдете решение и ќе бидете посилни од порано! Паровите кои ќе се разделат по оваа долга криза, за жал, не беа предодредени да траат… Поволниот Марс во текот на целиот месец ви дава голема енергија, особено за реализирање на проектите на работното место.

Јарец: Сатурн се враќа кај вас!
Планетата Сатурн конечно се врати во вашиот знак и е подготвена да ви донесе уживања – во втората половина на 2020 година – ќе пристигнат сите успеси што сте ги постигнале со голем труд и самопожртвуваност. Овој месец, сепак, нема да биде без напнатост: планетата Марс, за жал, влегува во знакот на Овен и ќе остане таму во текот на целата година. Овој транзит ќе биде особено тежок за вашиот знак, па честопати може да се чувствува уморни и под стрес. Во јули ќе ја почувствувате и опозицијата на Меркур, што може да создаде некаков конфликт во канцеларијата или во семејството.

Водолија: пауза за размислување 
Од првиот ден на јули планетата Сатурн ќе го напушти вашиот знак за да се врати, ретроградно, во Јарец. Сепак, не грижете се: во 2021 година Сатурн ќе се врати кај вас, подготвен да ја направи навистина незаборавна и револуционерна годинава! Можеби во последниот месец сте успеале да добиете правилна слика за она што се случило во минатото, некои од вас веќе  започнале да одат по вистинската патека на трансформација и промена. Јули ви нуди еден вид „пауза за размислување“, во која ќе успеете со големо спокојство да добиете јасни идеи. Во меѓувреме, Венера ќе ви гарантира љубов и страст!

Риби: сè уште проблеми во љубовта
Драги Риби, Сатурн се враќа да го фаворизира вашиот знак овој месец, помагајќи ви да донесете важни одлуки дома или да преземете неколку чекори нанапред кон реализација на вашите цели. Меркур, од своја страна, ќе ви гарантира можности и сојузници што ќе ви помогнат да успеете во целта! За жал, болната точка на овој јули е сè уште Венера: планетата на љубовта ќе остане во неповолна позиција, подготвена да ги зголеми тензиите во вашиот живот и да ви донесе уште неколку кавги… Ништо што не може да се надмине, со моќта на позитивните емоции!

x

Check Also

Збогум Енио Мориконе, да се потсетиме на неговата животна приказна: На 6 години ја напишал својата прва композиција, а на 12 годишна возраст бил член на конзерваториумот!

Италијанскиот композитор и диригент, Енио Мориконе, почина на возраст од 91 година. Дури ...